Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

21 година по волејот на Недвед - Олимпико уште чека таква генерација

Една година откако го изгубија големото финале на Куп на УЕФА против Интер во Париз (0:3), Лацијалите се вратија на голема врата и го освоија Купот на Куповите. На денешен ден во 1999-та на „Вила Парк“ во Бирмингем со 2-1 ја победија Мајорка.

Кјелини за пијаниот Видал на тренинг „Топката не ја гледаше, ама трчаше ко луд“

Во својата штотуку излезена автобиографија, капитенот на Јувентус, големиот фајтер Џорџо Кјелини во едно поглавје раскажува за проблемите со алкохол на Чилеанецот.

Неверојатната приказна на НБА играч со скитник и лотарија

Поранешниот познат НБА суперстар Жилберт Аренас откри како освоил 300.000 долари на лотарија, откако судбината го споила со непознат бездомник, а газда на бензинска бил фер до крај.

Меѓудругото зошто ни фали фудбал

Од коло во коло, од викенд во викенд имаше сè и сешто по фудбалските игралишта ширум светот. Буквално секој втор ден некоја нова будалија. Како оваа.

Не за џабе е кажано брани ко мачка

Знаеме дека била дива или питома, мачката не го губи инстинктот на ловец, ама кој би рекол дека има рефлекси ала Мануел Ноер и Џиџи Буфон?

Дину, Будимир, Индира, Вале, Гоца - денот кога Кометал стана европски шампион

Како предвесник за она што ќе се случува 15 години подоцна кога Вардар стана европски шампион, Кометал Ѓорче Петров на 19 мај 2002 година се качи на европскиот трон и го воодушеви цел континент.

Најлудите секунди во историјата на Баерн Минхен

На 19 мај 2001 година, пред точно 19 години, во германската елитна лига се одиграа најлудачките последни секунди во борбата за титулата. Таква драма немало во Бундеслига, ни порано ни подоцна.

Ракометна магија во Германија

Петта лига е ова, ама голот е прва лига и преку анкета е прогласен за број 1 на сезоната. Невидена мајсторија до сега.

Берлин е ова или Кисела Вода?

Пред едно 15-20 години гледавме меч од првата македонска лига меѓу Цементарница 55 и Пелистер во Кисела Вода. Седевме на единствената трибина, на бетон, а еден позади нас еден се качи со скала, директно од двор. И сега пази ова, во Бундеслига имаше сличен пример, ви се верува?

Кога генијалниот Дејан и Милан ја урнаа златната епоха на Барселона

На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...

Зиеш имаше емотивно збогум со Ајакс и другарите

Една од најсилните карики во овој опасен Ајакс изминативе неколку години беше Мароканецот, кој по четири години престој си заминува од Амстердам. Разделбата е со солзи, бидејќи тоа беше едно семејство, а Зиеш уште повеќе се возбуди кога пуштија видео од мајка му.

Продадени најскапите патики на светот - првите Џорданки

Документарниот филм „Последниот танц“ кој во неколку дела раскажува за легендарниот Мајкл Џордан и амбиентот околу шампионскиот Чикаго Булс, покрена права Џорданоманија.

Зар вака од сега ќе се поздравуваат?

Германците почнаа со фудбал во кој забрането е поздравување, допирање, гушкање. Кога Томас Милер беше заменет, реши да се поздрави со нога. Некои сметаат дека гестот е недоличен кон тренерот, но неговата порака всушност е јасна, а тоа е да се почитуваат мерките.

Стрелец на прв гол после Ковид-19 е кој друг ако не Халанд

Бундеслигата е прва од Топ5 но и од речиси сите други европски лиги која се врати по долгата пауза поради глобална пандемија. А првиот гол по рестартот го даде Ерлик Халанд на мечот Дортмунд - Шалке (4:0). Трчаше да прослави, ама сфати дека нема гушкање со соиграчите и дека на трибините нема навивачи.

Јужнокорејски тим се извини што поставил секс кукли во замена за публика

Корејската Кеј-лига веќе одигра пар кола по долгата пауза поради глобалната пандемија, а фудбалскиот клуб Сеул направил кикс на трибините.

Клинецов од Баерн се загради ко Малдини

Не видовме какви тренинзи имал Алфонсо Дејвис по дома последниве два месеци, ама на малиот не му влијаела долгата пауза. Погледнете го овој енергичен трк во 87-ма минута на крилото на Баерн, кој во секунда се претвора во бек кога треба.

Гест на колото: играчите на Борусија дојдоа до празна трибина да им заблагодарат на навивачите

Германската Бундеслига се врати. Имаше неколку интересни натпревари, голови, но и тажни празни трибини.

Махер на колото 12 минути откако отворија кладилниците

На 13 мај 2020, среда, во 10:00 часот, се врати во нормала животот за комарџиите. Остај ти тој муабет нема ништо за кладење. За добра свиња, нема лоша помија. Виетнам и Чешка, пријателски, што ти фали?

И убаво ти дојде?

Се сложувате со нас дека не треба секаде да постојат камери?

Најстариот играч во Топ5 лигите игра во Франција и е постар од Буфон

Капитенот на Монпеље, Бразилецот Виторино Илтон го продолжи договорот со клубот на уште една година. Овој стопер во септември ќе полни 43 години, а сезонава до паузата ги одигра сите натпревари во Лига 1 и во францускиот Куп.

Роберт Просинечки рекламира бела чарапа

Прво се пентари во автобус, потоа тегне турско, а “креативната“ содржина во рекламата оди вака: Праве ципеле можда нечете начи, али чарапе да. И потоа имаш опасен швенг надолу до нив. За тие времиња ово била најнорамална реклама. Веројатно.

Снимка од Меси како си поигрува со другарите на 8 години

Феноменот не важел за талент од 16, 15 или 12 години. Додека ние сме го гледале Мундијалот во САД 1994, во другата Америка, онаа на југ, да ти имало мега ѕвезда во доаѓање, односно дете по име Лео, кое шеба како сака и по колку сака.

Кога Македонија играше полуфинале против Шпанија на Гасол и Наваро

И скоро цели 9 години подоцна уште звучи надреално. Македонската кошаркарска репрезентација ги мелеше сите ривали на Европско првенство 2011 во Литванија и стигна до полуфиналето каде се судри со идниот европски првак Шпанија.

Како шампионската генерација на Вардар ја доминираше Звезда на Градски

Зборуваме за сезоната 1987/1988 од која пред неколку дена објавивте фотографија со тој страшен состав на Андон Дончевски, кој е можеби најјак во историјата на Вардар. Имаме две јаки видеа со историска содржина од Градски, како и два спектакуларни голови на Панчев и Пикси.