Во 1995-та лекари го спасија Хакинен на сред патека за Формула 1, па Финецот им возвратил

Општо е познато каква опасност носи секоја Ф1 или мото трка. Во историјата на Формула 1 досега имаше многу трагични исходи (Сена, Кларк, Бјанки), а само благодарение на брзи интервенции на врвни доктори и медицински служби, многу пати биле избегнати драми.

Малку фалеше низ годините овој список да биде проширен (пред неколку дена мотоциклистите Валентино Роси и Маверик Вињалес за малку ќе настрадаа со своите моторцикли).

На Гранд при трките работат најдобри лекари и физиотерапевти а самата Формула 1 има договор за места во најдобрите клиники во градовите каде што се вози патувачкиот циркус.

ВО 1995-ТА ГОДИНА ЛЕКАР ГО СПАСИ ХАКИНЕН НА СРЕД ПАТЕКА

Во едно петочно ноемвриско утро во 1995-та година во Аделаида, за време на квалификациите во Формула 1, се случи ужасна хаварија со пилотот на Мекларен, легендарниот Мика Хакинен.

Трагите од кочење покажале дека болидот му избегал од контрола на Финецот при огромна брзина. Се испоставило дека Мика возел околу 200 км/час, а болидот удрил во заштитната ограда, а Хакинен доживеал тешки повреди на главата.

„Мика не можеше да мрда, не дишеше и не ни одговараше на прашањата. Но беше жив“, се сеќава еден од лекарите кои се нашле на лице место.

Ударот бил многу силен и го оштетил черепот на Хакинен. Хирурзите на лице место на патеката му пружиле трахеотомија со цел да му го спасат животот. Нивната интервенција им овозможила на виталните органи, пред сè на мозокот да продолжи да работи. Мика бил во кома неколку дена, а се разбудил после три недели. Најважно од сè е дека останал жив.

ПОДОЦНА НА ЛЕКАРИТЕ ИМ ТРЕБАЛА ПОМОШ И ХАКИНЕН ДОНИРАЛ ГОЛЕМИ СРЕДСТВА

Во 1973-та година доктор Фред Гилихан основал своја медицинска служба при Кралската болница во Аделаида. Неговата служба се занимавала само со случаи на тешко повредени лица и обично со хеликоптер ги пренесувале на хиподромот „Викторија Парк“ од каде имало транспорт до клиниката.

Овој редослед мора да биде ефикасен, прикладен и безбеден, затоа што при губење драгоцено време, состојбата на пациентот може да стане критична.

Затоа доктор Гилихан се обратил на државните органи во Јужна Австралија со барање на Кралската болница во Аделаиде да и изградат сопствен простор за слетување на хеликоптери.

По извесно време медицинските лица не нашле доволно пари за изградба на таква инфраструктура.

После 20 години токму Фред Гилихан го водел тимот на лекари кој го спаси Хакинен во Аделаида и после организирал транспорт до Лондон. Мика во медиумите им се заблагодарил на лекарите што му го спасиле животот, а во Мекларен тврделе дека да не била таа брза интервенција, Финецот можеби веќе никогаш не би го виделе.

Летечкиот Финец тогаш решил да префрли огромна сума пари за изградба на потребниот простор за слетување на хеликоптери. Сумата изнесувала 2,1 милион долари.

Откако била изградена пистата, конструкцијата овозможила времето на пренесување пациенти да биде скратено на 30 минути и така биле спасени многу животи.

Подоцна пистата ја нарекле „Островот Гилхан“ во чест на докторот кој го спасил Мика. Но за жал од септември 2017-та година оваа писта веќе не се користи и набрзо ќе ја демонтираат.

Но тоа не ја намалува големата хуманост на докторите кои Мика Хакинен ќе ги памети по тоа што на Гранд при во Аделаида 1995-та година му спасија живот.

27 август 2020 - 13:38