Не само поради фактот што газдите на Манчестер Сити се едни од ретките сопственици на фудбалски клуб кои можат да ги исполнат сите услови на Меси, туку и поради тоа што екипата ја води омилениот тренер и пријател на Лео, Пеп Гвардиола, човекот со кого освои 2 пехари во Лига на шампиони и кај кого го играше најубавиот фудбал во кариерата.
Утрово на социјалните профили на англискиот клуб се појавија пар објави кои можеби сугерираат нешто, а можеби и не:
Morning guys! 💙
— Manchester City (@ManCity) August 26, 2020
🔵 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re pic.twitter.com/gGD6pXPvDR
Бразилскиот новинар Марсело Бехлер, човекот кој прв откри дека Нејмар ќе замине од Барселона, сега меѓу првите објави и дека доаѓа „крај на еден циклус“.
Притоа втората објава на Сити на Твитер гласеше: „Нашето ново засилување доаѓа надвор од овој свет... За два часа“.
Our new @ManCity signing's from out of this world 🐐🚀
— Man City Esports (@mancityesports) August 26, 2020
2 hours to go... 👀 pic.twitter.com/riH5WYCzba
Шпанските медиуми непрестано нагаѓаат околу следната дестинација на Лионел, а некои пишуваа и дека тој во последно време неколку пати разговарал со Гвардиола.
Треба да се има предвид и фактот што нападот на Сити веќе неколку години го предводи најдобриот другар на Меси од младинските категории, Серхио Кун Агуеро. Се појави и вест дека татко му на Меси веќе заминал во Англија да преговара околу евентуален трансфер, но сево ова е во доменот на шпекулации, затоа што екстремно е тешко да се замисли дека Барселона туку така лесно ќе се откаже од најдобриот играч на сите времиња.
Во прилог на тоа оди и изјавата на Ривалдо, кој денес изјавил дека „Скоро е незамисливо во услови на ваква светска криза, Барселона да допушти Меси да замине без никаква компензација“.
КАКО ОДАТ ИЗБОРИ, РЕФЕРЕНДУМ И ПОТПИСИ НА СОСИОСИ ЗА СМЕНА НА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО БАРСЕЛОНА?