Меси наводно веќе не сака да тренира и не планира да ги направи планираните тестови за Ковид-19 со екипата.
Инаку Лео барањето за раскин на договорот го пратил преку бирофакс - специјален сервис, посебна служба за итен пренос на важни документи со цел тие да може да се сметаат за докази пред трети лица. На пример во случај на барање.
Од Камп Ноу потврдија дека веќе добиле официјално барање за раскин, но управата сметала дека може да ги заштити своите права и дека Лео не може самоиницијативно да го раскине договорот.
Претседателот Хозеп Бартомеу, еден од главните кривци за хаосот во Барселона поради кој Меси сака да си оди, има намера правно да го блокира заминувањето на Аргентинецот и во скоро време ќе заседава со советот на директори.
Тиквата пукнала после Баерн Минхен. Новинарот на бразилскиот Esporte Interativo, Марсело Бехлер кој прв пред сите соопштил за преминот на Нејмар во ПСЖ на времето, сега раскажал дека Лионел уште на 16 август му соопштил на раководството дека сака да замине и дека не сака да чека крај на 2021 година до кога му важи договорот.
ШТО СЕГА ГО ЛУТИ МЕСИ? СИТЕ ИНСАЈДЕРСКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ТОА
Новиот тренер на Барса, Роналд Куман веќе неколку пати го осипа Меси со комплименти а после се сретнал и со него лично за што Лео порано го завршил одморот. RAC 1 пишуваше дека Меси му објаснил на новиот тренер дека сака да си оди.
Кога за тоа веќе пишаа сите големи медиуми во Шпанија, Лионел се налутил што процуреле детали од разговорот со тренерот.
Реномирани шпански медиуми дури информираат дека наводно Куман на Меси во очи му рекол: „Твоите привилегии се завршени, сега ќе треба да мислиш на екипата“, овој цитат го цитирале и аргентински медиуми.
Mundo Deportivo, пак, смета дека главна причина што го испровоцирала Меси е одлуката на клубот и новиот тренер да го отпуштат Луис Суарез на кого веќе не сметаат.
После дебаклот 2:8 од Баерн Минхен, Лионел и Луис Суарез, и онака добри пријатели, многу време поминале заедно и се обиделе да дознаат што се случи. Во еден момент дознале дека новиот тренер е радикално настроен против Суарез и дека едвај чека да го продаде.
Парадоксално, во случај Меси после децениска љубов со својот сакан клуб да замине од Камп Ноу, а со него и Ракитиќ и Суарез, тогаш во клубот ќе остане само еден човек кој дал гол во финале на Лига на шампиони - пазете, Роналд Куман (во финале 1992 против Сампдорија).
Има и друга теорија: Меси наводно со ова сака да испровоцира оставка од претседателот Бартомеу против кого вечерта кога светот дозна дека Лионел сака да замине од Каталонија, стотици навивачи се собраа и протестираа пред „Камп Ноу.
ШТО ПИШУВА ВО ФАКСОТ?
Официјалното писмо не го објавија цело но на социјалните мрежи се појави фотографија која изгледа мошне правоверна.
Fax sent by Messi’s team. #fcblive #fcbnews pic.twitter.com/wsGV0h9an7
— FC Barcelona: News ™️ (@fcbarcelonaorg) August 25, 2020
Во неа пишува:
„Со ова писмо, јас Лионел Андрес Меси Кучитини, барам расин на договорот со вашиот уважен клуб врз основа на точка 24 која ми дозволува да го искористам ова право.
Благодарен сум за сите можности на личен и професионален план кои ми беа пружени за време на заедничката работа. Благодарение на тоа станав подобар и како човек и како играч, иако поради лични причини сум принуден да ја донесам оваа тешка одлука. Се надевам дека клубот ќе го одобри барањето“.
КАДЕ БИ ОДЕЛ МЕСИ АКО СТВАРНО ЗАМИНЕ ОД БАРСЕЛОНА?
Главното следно прашање е каде Лео би ја продолжил кариерата? Може да се фантазира долго, но Marca објави три најреални варијанти:
- Манчстер Сити: таму е Пеп, имаат пари и голем предизвик да го однесат клубот до пехар во Лига на шампиони. Наводно Меси веќе зборувал со Пеп Гвардиола.
- ПСЖ: Таму е Нејмар со кого Меси е многу близок (после пропаднатиот камбек на Бразилецот во Барса, Меси јавно беше незадоволен) и поради тоа што овој клуб има голем буџет за трансфери
- Интер: затоа што гигантот од Милано прв сакаше да го купи, има силен буџет од кинеските сопственици, а во Серија А одново ќе го најде ривалството со Кристијано Роналдо. Татко му на Лионел наводно веќе купил куќа во Милано.