Правна основа на договорот на Меси - може ли стварно да замине за 0 евра?

Најголемите две интриги на летниот трансфер пазар се: 1. Дали Меси ќе замине од Барселона? (има цврста намера да си оди, но имаше и претходни години) и 2. Ако си оди, дали ќе замине бесплатно?

Кратка историја: Меси сака еднострано да го раскине договорот со Барселона, односно да замине за 0 евра. Таква можност има(л). Но проблемот е што таа точка во договорот на Меси била активна до 10 јуни (според некои медиуми до 31 мај), а Меси дури на 20 август пратил бирофакс до клубот дека сака да замине.

Адвокатите на Меси сега наводно притискаат дека поради глобалната пандемија, сезоната се помести и дека крајна дата за нив е 22 август кога заврши финалето во Лига на шампиони. Според клаузула во договорот на Меси кој истекува следното лето, тој може да замине без обештетување. 

Барселона секако не сака да слушне за такво нешто и за нив точката важела до 10 јуни а сега кој го сака Меси ќе мора да плати 700 милиони евра.

КОЈ БИ ДОБИЛ НА СУД?

Ова е многу сложено правно прашање и точниот одговор не го знае никој. Можно е дури ни судиите кои би се занимавале со ова дело.

Единствено што може да се стори сега е да се разгледаат сите можни сценарија на суд или во канцеларијата на ФИФА за решавање правни спорови (ако дојде до такво нешто). За англискиот The Telegraph, Џон Мерзад, спортски правник и адвокатот Ник Де Марко од компанијата Blackstone Chambers (гостувал во студиото на Sky Sports) ги разгледале опциите.

Во англиското право (исто и во шпанското) датумот кој е пропишан во договорот важи за конкретна временска точка. Меси ќе се обиде да го оспори со друга дата - онаа кога заврши сезоната.

ФИФА во услови на пандемијата формулираше поинакви принципи. Кога на многу фудбалери им истекна договорот на 30 јуни, клубовите им понудија автоматски продолжување до крајот на сезоната. Адвокатите на Меси ќе се обидат да ја пренесат оваа логика на договорот на најголемата фудбалска ѕвезда на светот.

Уште е нејасен статусот и кој ќе го разгледува случајот. Малку е веројатно дека во оваа ситуација ќе се применуваат законодавни принципи на Шпанија, Англија или Швајцарија. Спорот најверојатно би се водел според правилата на ФИФА.

Според некои правници, Меси сериозно ризикува, зошто ако ФИФА застане на странат на Барселона, тогаш Лео не само што ќе мора да му компензира на клубот туку и ризикува да добие суспензија на неколку месеци а клубот кој би потпишал договор со него без согласност од Барселона би добил забрана за трансфери.

Но сево ова е во доменот на нагаѓања.

Најверојатен исход на предметот е компромис.

„Според мое искуство, во 95% од слични случаи се наоѓа комерцијално решение на случајот. Најмалку од се на Барса и треба да му плаќа плата на Меси да тој да не игра или да седи на клупа до истекот на договорот. Во интерес на обете страни е да најдат разумен компромис“, вели адвокатот од компанијата Blackstone Chambers.

27 август 2020 - 10:52