Offside

Почна мундијалската драма во нокаут фазата. Бразил се изнамачи против Јапонија и ја елиминираше со пресврт 2:1. Сано даде гол за водство на Јапонија во 29 минута. Неизвесноста ја врати Каземиро во 56-та минута, а човек на одлука беше Габриеле Мартинели во длабокото судиско продолжение. Следен противник им е Норвешка или Брегот на Слоновата Коска.

На ова се мисли кога ќе се каже деби од соништата

Олимпија Љубљана самоуверено си вози кон нова титула во Словенија. Рестартот на фудбалот во оваа земја значеше и фантастично деби на 17-годишниот Енрик Острц кој имаше голем придонес во триумфот против Табор Сежана на гости (0:3).

Рикелме vs 11 голмани и јаче

Ова се тие ретки индиректни удари во фудбалот, во кој тимот ти го покрива цел гол. Ама кога за изведувач ќе ти се падне мајстор како Рикелме, не те спасуваат ни од клупа за резервни ако ги наредиш.

Кога на Рој Кин ќе му играш фудбал со раце

Капитенот на Манчестер Јунајтед беше и остана таков каков што го паметиме. Борбен, пргав и конфликтна личност, а не можеше да го скроти ни еден Фергусон. Еднаш му ја трмозеја левата рака, ама па затоа десната му беше слободна.

Тренерот на Фрајбург е хит, со ќотек славеше победа

Фудбалерите на Фрајбург ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 1:0 и тоа прва нивен триумф по враќањето на фудбалот во Германија. Кој му е овој начин на радување на нивниот стратег Кристијан Страјх? На еден од помошниците му ја даде во фаца па почна да го гушка.

Кога во Загреб ја исвиркаа химната на Југославија пред да патува на СП 1990

Само 20 дена по најпрочуените инциденти на Максимир на дербито Динамо - Звезда, Југославија на истиот стадион ја играше последната подготвителна средба пред да патува на Мундијалот во Италија. Гостуваше Холандија како актуелен европски првак, а играчите се соочија со анти мотивациски момент, ретко виден во историјата на фудбалот.

Уличен фудбал во најдобро светло

Сите со нетпрение чекаат да почнат најдобрите европски фудбалски лиги како и Лига на шампиони, а во меѓувреме уличниот фудбал си брка работа. За улицата нема правила, особено ако си добар техничар како Африканциве.

Најсимпатичниот хокеарски графит

Девојчето сака да каже дека ве гледа од прв ред и дека треба да внимавате на неа со тоа пакот, бидејќи веќе е “штрба баба без два заба“, фаза која сите ја поминавме како деца. Хокеарот ја награди на љубезен начин.

Белгиски спортски лист се мајтапи со убиството на Флојд

Белгискиот весник Het Nieuwsblad ја шокирал тамошната јавност откако една клупска одлука споредил со убиството кое предизвика страшни немири во САД и пошироко.

Само еден човек играл и против Марадона и против Меси

Изјавата на Алесандро Костакурта дека Меси бил толку јак уште на 16 години, што при една пријателска средба тој побарал од Анчелоти да го извади од игра после 15 минути за да не се посрамоти. Ама работата е што Костакурта никогаш не играл против Меси.

Стартува новата ера во Вардар со променето име и нова управа

Славното трофејно поглавје со Самсоненко завршува и почнува ново со старо новиот добро познат газда, Михајло Михајловски, кој ќе бара бизнис партнери со цел двократниот шампион на Европа да остане на високо ниво.

Полувремето долго шест месеци за Гинисова книга на рекорди

Шпанскиот фудбал конечно ќе продолжи. Рестартот ќе го обележат Рајо Ваљекано и Албасете кои ќе го доиграат второто полувреме од одложениот меч на 15 декември лани.

Ракометното срце на Европа!

Многу ракометни великани со огромни финансиски средства сè уште ја немаат подигнато “ракометната рака” во ЛШ, иако имаат одлични тренери, играчи, услови, пријатели во ракометните организации итн, но го немаат македонското срце, инает, борбеност, страст, емоција.. со која ракометот е многу повеќе од спорт, а Вардар многу повеќе од клуб!

Голман, тебе добро ти дошла изолацијата

Фудбалот си врви и во Костарика. Таму во полуфиналето на државниот плејоф во Клаузура, Ескацукења на пенали го победи Десампарадос откако во регуларен дел било 1-1. И тоа пазете како израмнил домаќинот со играч помалку дури во 88' минута!

Само што излегоа од карантин, во Австрија падна страшен гол

По финалето на Купот кој го освои шампионот Ред Бул Салцбург, се рестартираше и австриската фудбалска Бундеслига и одма падна лудачки погодок. На мечот Штурм - Волсфбергер, гостите поведоа преку ножичките на Шон Вајсман.

Оди види дали сум таму

И таму ли сум? Праша Рондо од Бостон во источното конференциско финале против Мајами пред 8 години.

Вимблдон со страшна компилација за роденденот на Надал

Шпанскиот ас полни 34 години, а луѓето од најелитниот тениски турнир во светот му посветија видео со неговите најјаки поени од форхенд во трк. Погледнете ја оваа негова моќ. Неодбранливо.

Машината пушка за тренинг на голманите

Рускиот клуб Локомотив Москва се пофали дека купил направа која што силно испалува топки кон голот. Цена: 25.000 евра. Нека му ја мислат голманите.

Најжестоките 30 стадиони на светот според Франс Фудбал

Реномираниот магазин, основоположник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот, направи ранг листа на најбучните стадиони на светот коишто имаат најдобра атмосфера.

Со Англија игравме реми во фудбал, ама ја дробевме во футсал

Да им дадеме простор малку и на нашите футсал репрезентативци, кои исто како оние во фудбал сè уште немаат пласман на големо натпреварување. Но се борат машки и испотија еден куп дресови по тоа салите. Еднаш ја изненадија и Англија.

Дете, случајно Златан да не ти е татко?

Се вика Максимилијан, има 13 години и да, татко му е Ибрахимовиќ, чие презиме изгледа уште долго ќе биде присутно како аквитно во фудбалот. Малиот ја има изгледа жичката на татко му.

Животот на Деле Али е семејна драма - од 13 години живее во друга фамилија

Англискиот репрезентативец Деле Али има мошне необична животна приказна и фудбалска кариера. Иако уште е млад играч, тој зад себе веќе има многу успеси, но малку фалело улицата да го потегне кон себе и да заборави на фудбал.

Само Турците честитаат вака роденден на тренинг

Второлигашот Бурсаспор слави 57 години од своето постоење и 10 години од единствената шампионска титула. Торта со свеќи? Која торта бе, стадионот го запалија.

Голот за кој Клоп тврди дека е најубав во историјата на Бундеслига

Во 1993-та Ајнтрахт Франкфурт го пречекува Карлсруе. За гостите брани лудиот Оливер Кан, а за домаќините игра Нигериецот Џеј-Џеј Окоча, еден од најпрефинетите техничари од Африка.

Како по ново ќе се гледа фудбал на видео бим

Ја имаме најбезбедната опција за секој кој преферира групно гледање на плоштад. Плус внатре имаш и повеќе опции, како на пример пивце во скут, а со другата рака држиш бакља од прозор.