Offside

Откако Фуксе Берлин го растури француски Нант 34-24 во меч во кој поранешниот Вардарец Дејан Милосављев блесна со дури 15 одбрани, во второто полуфинале на Лига на шампиони, Магдебург ја совлада Барселона 31-30 со гол на Хорнке буквално во последна секунда од мечот за големо славје. Мечот го судеа македонските судии Славе Николов и Начевски кои на Барселона ѝ покажаа дури 3 црвени картони. Фајнал Форот во Келн, во „Ланксес Арена“ е најпосетен досега откако таму се играат завршниците.

Гвардиола го објасни случајот Де Брујне

Поточно самиот вели дека нема никаков случај (новинарите направија дебата зошто тој не играл, не бил во добри односи со Гвардиола и ред глупости). Пеп вели: „Да да, личен проблем имам со најдобриот играч на светот во последна третина од теренот, проблем имам со фудбалерот со кого работам 9 години и кој ми ги донесе најголемите успеси“.

Нов стадион во Англија од 800 милиони фунти и тоа со водопад

Евертон ја игра последната сезона на Гудисон Парк на кој се сместени од далечната 1892 година. Новиот стадион им е готов или скоро готов. Се проценува на околу 800 милиони фунти и има капацитет од 52.888 седишта. По сè изгледа е изграден по примерот на Олд Трафорд. Со можност за водопад кога врне дожд.

Фиксниот Леброн Џејмс

На 30 декември ќе полни 40 години. Зад себе има 21 сезона, 4 НБА титули, 4 признанија МВП во регуларниот дел од сезоната, 4 признанија МВП во финалните серии, 3 МВП принанија на Ол стар, 3 олимписки медали, прв стрелец со преку 40.000 поени. Толку му е а?

19 годишен бек на четвртолигаш одбрани пенал и ги исфрли Жирона и Миовски од Купот

Натпреварите во Купот често знаат да донесат изненадувања во Англија, Германија, Шпанија, но ова што му се случи на Бојан Миовски е уникатно и ќе се раскажува со децении.

Во шума празни признанија, Атлетик Билбао дава едно посебно вредно

Баскиската гордост Атлетик Билбао е тврд орев на кој често заби кршат Барселона и Реал Мадрид. Токму синоќа „кралевите“ изгубија 2-1 а Атлетик се приклучи при самиот врв во трката за шампионска титула. Пред мечот луѓето од Билбао му подариле посебно признание „One-Club Man“ на легендарниот фудбалер на Италија и Интер, Бепе Бергоми.

Чарлс Баркли за Денвер Нагетс и Јокиќ

Никола Јокиќ и натаму е најдобар кошаркар во НБА лигата, но и натаму има слаба, бледа поддршка од соиграчите во Денвер Нагетс. Тимот има 11 победи и 8 порази и се наоѓа на очајното 8-мо место во Западната конференција. Никола Јокиќ неколку пати сезонава беше уловен како им вика на своите соиграчи, пробува да ги разбуди. Со право, вели Чарлс Баркли кој вели дека би било фер Нагетс да го трампаат Јокиќ а не да го арчат најдобриот дел од неговата кариера.

Три гола за издвојување од спектакуларната пресметка на Сент Џејмс Парк

Првите 6 меча од 14. коло во Премиер лигата донесоа дури 19 гола. Најмногу имаше на битката меѓу Њукасл и Ливерпул кои одиграа 3:3. Три од нив заслужуваат внимание.

ЕХФ го истакна феноменалниот Митревски

Никола Митревски имаше фантастична ноќ во салата Боро Чурлевски кога најмногу требаше, бидејќи триумфот на Еурофарм Пелистер над Висла Плок, за битолчани значи задржување на шансите за пласман во нокаут фазата од ЛШ. Мечот го заврши со 13 одбрани, од кои две се најдоа на социјалните мрежи на ЕХФ. 

Во Келн прославија Нова година

Во дуелот на повремените бундеслигаши а сега второлигаши, во Купот на Германија Келн со 2-1 ја совлада Херта Берлин. Гостите поведоа од пенал во 12-та минута, домаќините израмнија набрзо после во 30-та минута со автогол, а дури во продолженија славеа со гол од пенал на Дејан Љубичиќ во 120+1' минута.

Што направи бе младичу?

Имаме нов, многу сериозен кандидат за признанието промашување на сезоната. Тоа е Дејан Љубичиќ од Келн на дуелот против Херта Берлин. Се ушепртља на метро од гол мислиш Стам и Кембел се пред него. Но има голема среќа? Знаете зошто? Го реши мечот во продолженијата со гол од пенал и тоа во 121-ва минута.

Убавина од голови на Лајпциг, Шешко ги измеша во стилот на Роналдо да Лима

Лајпциг го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 3:0 и обезбеди четвртфиналето во Купот на Германија. Внимавајте добро на движењата на хитот од Словенија Бенџамин Шешко. Има 21 година и е висок 195см, колку Ибра, на кој и потсеќа во стилот на игра. Но овој пат во шеснаесетник изеде двајца, со потези карактеристични за Роналдо Бразилецот, посебно голманот. Го издвојуваме и убавиот гол на Опенда. Елмас не беше во комбинација поради повреда.

Нова утка на Мбапе од 11 метри, Реал повтори негативен клупски рекорд

Реал Мадрид загуби 2:1 на гостување против Атлетик Билбао, а Килијан Мбапе, веројатно за прв пат во кариерата промашува два пенали за една недела, после оној на Енфилд Роуд. Кралевите имаат пет порази и всушност го повторуваат стартот на сезоната 2020/2021. Минатата сезона на 55 средби имаа само два порази, а сега стигнаа до пет после 24 меча. Загубија и од Барселона, Лил, Милан и Ливерпул. Сите порази им на последните 11 натпревари.

Три генерации славеле историска победа на Ботафого

Во се-бразилското финале на најголемиот фудбалски турнир во Јужна Америка, Копа Либертадорес, лидерот во бразилската Серија А Ботафого направи право чудо откако со играч помалку уште од 120-та секунда, на крајот го совлада големиот ривал Атлетико Минеиро со 3-1. Ова беше прв историски триумф на Ботафого во Копа Либертадорес во 125 годишната историја на клубот.

Грешката на Келехер која го чинеше Ливерпул 2 бода

Во Премиер лига синоќа имаше луда вечер. Паднаа еден куп голови, Арсенал го победи Ман. Јунајтед 2-0, Сити конечно победи и ја надмина кризата а Ливерпул имаше 2:3 на гости кај Њукасл во меч полн пресврти но во последни моменти од дуелот прими гол за 3:3.

Податок кој може ќе ви се најде за во кладилница

Екипи како Ливерпул, Интер и Баер Леверкузен сезонава имаат по еден пораз во првенство, Наполи и Реал по два, Барса три, Сити четири. Излезе статистика од топ 9 лигите, од единствените екипи кои немаат загубено натпревар. Јуве како претплатен на реми.

Пелистер до нов триумф во Лига на шампиони, се смешка плејофот

Под водство на новиот тренер Раул Алонсо, ракометарите на Еурофарм Пелистер ја совладаа полска Висла Плок 21:18 (12:10) и сега имаат реални шанси за понатамошен пласман, нешто што до пред месец дена изгледаше како сон. Никола Митревски блескаше на голот со 13 одбрани, а Филип Кузмановски како топ биеше во нападот и даде седум гола. Кај гостите најефикасен беше Миха Зарабец со шест гола.

Претерано голчиште на бек на Ајакс

Во дербито на горниот дел на табелата Ајакс и Утрехт одиграа 2-2 во Амстердам. Во моментов после 14 одиграни кола во Холандија, ПСВ Ајндховен е прв со 39 бода, Ајакс е втор со 33 бода, Утрехт трет со 32 бода и Феенорд четврти со 29 бода. Видете го евроголот на десниот бек на Ајакс Антон Гаеи за 1-1.

Како Македонци слават победа против грчки тим во Германија?

Атмосферата во соблекувална во седмата германска лига после триумфот на Македонија Франкфурт над Хелас.

Лери Бирд не штеди зборови за Никола Јокиќ

Во НБА нема его и суети како во нашиве простори, барем што се однесува до мислењето за Јокиќ. Веќе не знаеме кој сè јавно има кажано колку е воодушевен од неговите игри. Од актуелни, до пензионирани легенди.

Смешната сторија со фудбалер кој отишол во Иран за да заигра против Кристијано Роналдо

Тиеви Бифума е роден во Франција од конгоански родители. Има 32 години. Во својата кариера играл за многу клубови ширум светот а најпознати се Еспањол, Вест Бромвич Албион, Алмерија, Гранада, Рем и други. Сега со него е поврзана најсмешната приказна на сезоната.

Најглупавиот тајм-аут на сезоната

Тренерот на Јута Џез Вил Харди е носител на признанието најглупаво повикан тајм-аут на сезоната. Тој во последните секунди од мечот против ЛА Лејкерс кога неговиот тим имаше само -1 поен разлика повика тајм-аут во моментите кога Колин Секстон отиде на положување и ја положи топката во кош за победа. Вил Харди викна тајм-аут буквално при влезот на Секстон и судиите му го исполнија барањето. На крај секако Лејкерс славеше 104:105.

Џанфранко Ѕола на 58 години

Легендарниот Италијанец кој жареше и палеше како центарфор на Челси, сега е амбасадор на сините од Лондон. Присуствувал на отворање на продавница на Челси во Сингапур и таму покажал дел од вештините кои ги поседува и на 58-годишна возраст.

Куќата на славните на ЕХФ ја отвори вратата за Индира Кастратовиќ

Европската куќа на ракометот месецов ќе ги одликува легендите на овој спорт. Има место и за првата Македонка, воедно и второ ракометно име од Македонија во славното одбрано друштво.

Додавање во НБА за кое се зборува на големо

На дуелот Њујорк Никс - Орландо Меџик кои Њујорчани го добија 121-106, нивниот лидер Карл-Ентони Таунс постигна 23 поени, имаше 15 скока и неверојатно мечот го заврши без ниедна асистенција. А една можеше да биде феноменална.