Offside

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Не е злато сè што сјае, најдобро знаат навивачите на Андерлехт со Компани

Во мај минатата година, после цели 11 години во Манчестер Сити, капитенот Венсан Компани објави дека се враќа во родниот Андерлехт. И брзо навивачите а и тој самиот се уверија дека не е сè како во бајките.

Голот на Ван Дајк кој го паметат само навивачи на Селтик

Денес важи за најдобар стопер во англиската Премиер лига, а малку кој памети дека Вирџил Ван Дајк пред да се пресели во Англија (Саутемптон па Ливерпул), беше капитен на Селтик со кој освои две титули и шкотски Лига Куп. На 8-ми јули наполни 29 години.

Дибиров vs Дарио, одбрана која нема да се повтори

Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.

Нова бомба од Бобичанец

Тимот на Мура лесно се справи со давеникот во словенечкото првенство Триглав и го совлада со 2-0. Мечот беше решен уште во прво полувреме а нов прекрасен гол постигна Лука Бобичанец.

Голманот на Џенова му спречи еврогол на Елмас

“Македонското“ дерби Џенова - Наполи го добија гостите со 1:2. Елиф Елмас беше стартер, а Пандев ги одигра последните 20 минути од мечот. Штета за Елиф кој синоќа за влакно не стана двоен стрелец.

Овој па не се оправи цел живот

После дочек на 2020-та се врати дома во 6, ама го утна дворот и со колата удри во оградата на комшијата. Минатиот месец во Бреша не му отворија врата, туку решиле да му го раскинат договорот затоа што не доаѓал на тренинг две недели. Ова е само од сезонава се разбира.

Срцето на Енио Мориконе им припаѓаше на музиката и на Рома, Тоти замина со негов хит

„Рома отсекогаш бил клуб со меѓународен карактер, со сентиментална атмосфера. Овој клуб е отворен за луѓето, остава простор за фантазија, во него може да видите самба, боса нова, дури и почуствително танго“, рекол за Рома Мориконе.

Формата на Лацио пред и после паузата

Поразот на Јувентус од Милан ја остави иста разликата меѓу првиот и вториот на табела во Серија А, но бројките покажуваат дека овој Лацио е многу поразличен од пред карантинот. Како прекинот да им ја скрши магијата.

Гол кој треба да прејде во навика

После три одиграни кола во Јапонија, тимот на Кавасаки е втор со 7 освоени бода. Денес со 0-4 го размонтираа Токио. Сите четири гола паднаа во прв дел а вториот беше најубав. Стрелец Бразилецот Леандро Дамијао.

Како јагодите станале симбол за аристократија и буржоазија на Вимблдон

Годинава поради тоа што најстариот турнир на светот се одложи поради глобалната пандемија, повеќе од 2 милиони јагоди биле проблем за складирање, па организаторите дел ги донирале, а од дел правеле џем кој ќе се продава кога Вимблдон ќе се игра со публика.

Иван Грозни кој светот го препознаваше по бројот 1+8 на дресот

Кога ќе се спомне неговото име, голем број фудбалски носталгичари од прва ги диктираат неговите врвни соиграчи од нападот и се сеќаваат на лудите бројки на дрес коишто сам ги побарал.

Ете го Ибра со изјава во негов стил

Го немаше одамна да каже нешто вакво какво што и се очекува од него, а по пресврт и победа од 4:2 против Јуве нема шанси да нема инспирација. Со оглед на тоа што диригира и на терен и од клупа, новинарот го прашува: Планираш ли да станеш тренер?

Блекаут на Јуве невиден 7 години во Серија А, Милан е во облаци

Два гола против Рома, три против Лацио, четири против Јуве. Кој би рекол дека еден ваков Милан кој веќе неколку години од далеку ги гледа местата за пласман во ЛШ, може да приреди ваква серија, особено ваков дрзок пресврт против владетелот на титулата од 2012-та.

Чиста 10-ка за гестот на навивачите на Бреша

Не смејат да одат на стадион, ама затоа им текна една паметна идеја. Се собраа пред болницата за да им се заблагодарат и да ги охрабрат сите медицински лица кои веќе 4 месеци и кусур се борат со вирусот кој го нападна светот. Бреша беше едно од најсилните жаришта во Италија.

За ваков клизач во 96-та плата треба да му покачат

Фудбалерите на Челси синоќа стигнаа до важни 3 бода на гостувањето против Кристал Палас кое го добија со 2:3, а јунак на мечот беше Курт Зума кој со извонредна интервенција го спречи Бентеке да го израмни резултатот во финишот. Сините се трети со 60 бода пред Лестер кој има 59.

Велбек брате роботе

Супер интересен меч одиграа Вотфорд и Норич Сити. Гостите поведоа после буквално 3 минути фудбал, а Вотфорд на крај направи пресврт со головите на Доусон и лудоријата на Дени Велбек. Вотфорд со овие три бода има шанси да се спаси од испаѓање.

Милан го потопи Јувентус, ама голот на Рабио беше спектакуларен

Фудбалерите на Милан во само неколку дена им дадоа 7 гола на двата најголеми фаворити за скудетото. Прво среде Рим со 0:3 го декласираа Лацио, а синоќа направија чудесен пресврт па после 0:2 во вториот дел за Јувентус, дадоа 4 гола и славеа 4:2. Но мора да се потенцира првиот гол на мечот кој го постигна Французинот Адриен Рабио.

Фудбалер на Лацио го направи најидиотскиот потег на сезоната

По паузата од коронавирусот, фудбалерите на Лацио се во очајна форма. Загубија на три од петте одиграни кола, а синоќа пресврт им направи Лече кој се бори за опстанок. Фрустрациите на терен ги покажа Патрик кој под итно треба да го суспендираат до крај на сезона, малку е црвен за ова.

Предраг Русевски е избркан од клубот во кој израсна

Еден од најдобрите македонски тенисери, како и творец на најголемата победа во историјата на нашиот тенис не е повеќе дел од клубот Југ. Го прогласиле за непожелен.

Евро-автогол кој им упропасти план за Бундеслига

По ремито 0-0 на првиот меч од баражот, Хајденхајм и Вердер одиграа 2-2 и бундеслигашот успеа да се спаси од испаѓање и да го сочува прволигашкиот статус. Ама во тоа им помогна противничкиот играч Норман Тојеркаф со ефектен автогол.

Се заврши една сјајна кариера, на раце го носеа неуништливиот Клаудио Пизаро

Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.

Гатузо врати целосно во колосек раскаран и хаотичен Наполи

Кога беше назначен за тренер, Наполитанците беа во ужасна серија од 9 меча без победа, а управата беше во војна со играчите. Шест месеци подоцна го освои првиот трофеј во кариерата, го убеди најдобриот стрелец да остане и се наметнува за петто место.

Автомеханичарот кој се изнадава голови и го внесе Билефелд во Бундеслига

Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.