Offside

Откако Фуксе Берлин го растури француски Нант 34-24 во меч во кој поранешниот Вардарец Дејан Милосављев блесна со дури 15 одбрани, во второто полуфинале на Лига на шампиони, Магдебург ја совлада Барселона 31-30 со гол на Хорнке буквално во последна секунда од мечот за големо славје. Мечот го судеа македонските судии Славе Николов и Начевски кои на Барселона ѝ покажаа дури 3 црвени картони. Фајнал Форот во Келн, во „Ланксес Арена“ е најпосетен досега откако таму се играат завршниците.

Крамањонец на сезоната во мак фудбал

Едгар Давидс, Џенаро Гатузо, Серхио Рамос, Пепе...Сите овие се нула за Илија Донов од Силекс, кој на играч на Вардар му влезе со две нозе, но ја промаши и топката и нозете. Многу лошо. Малку е црвен за ваква малоумност.

Синхронизираноста на Џеси Лингард и Кинезите

Поранешниот англиски репрезентативец кој најголем дел од кариерата ја мина во Манчестер Јунајтед, од февруари годинава е член на Сеул каде има 26 настапи и 6 асистенции. Новинарот Ли Сунгмо за него рече дека е најголемиот трансфер во историјата на јужнокорејскиот фудбал. Забавно им е.

Најјакиот спикер во Истанбул

Навивачите на Ајакс на времето му дадоа јак штимунг на светски познатиот хит на Гаја со тоа што го сменија рефренот и внесоа Tadic's on fire. Сега навивачите на турски Фенербахче го грмат исто хитот кога Србинот Душан Тадиќ ќе даде гол.

Во шпанско село се радуваа на големо што ќе им дојде Реал Мадрид

Љано дел Беал е мало местенце (мало за шпанска демографија) со 1.337 мештани. Се наоѓа кај Картагена, во регионот Мурсија во Шпанија. Во ова место игра мало фудбалско клупче, Депортиво Минера. Ја имаа таа историска среќа, на ждрепката за 3. коло во шпански Куп на Крал да им падне големиот и славен Реал Мадрид. Првпат во историјата ќе играат против „кралевите“ а тоа беше причина да се радува старо, младо, машко и женско.

Кукуреља ги фрлил копачките во канта за отпад по два кикса со лизгање

Левиот бек на европскиот шампион Шпанија и на Челси, Марк Кукуреља синоќа направи два катастрофални кикса во првиот дел откако се лизна во клучни моменти и тогаш Тотенхем искористи два подароци од него и даде два гола. Кукуреља веднаш отиде да ги смени копачките кај клупата за резерви а после мечот објави фотографија како ги фрлил во канта за ѓубре.

Не се соблекувај будалче, ќе ти даде жолт

Челси игра во неверојатна форма и од екипа за потсмев под водство на младиот италијански тренер Енцо Мареска, сега стана сериозен кандидат за шампионска титула во Премиер лига. Зад лидерот Ливерпул се само -4 бода. Синоќа го совладаа големиот и лут ривал Тотенхем на гости и тоа после негатива од 2-0.

Луд кош од пола терен на Јокиќ, пак имаше поентерско шоу

Кошаркарите на Денвер Нагетс со 141:111 убедливо ја победија Атланта Хокс а Никола Јокиќ само неколку часа подоцна одново демонстрираше зошто е најдобар играч на светот.

Експлозија на Никола Јокиќ со рекордни 56 поени

Феноменот од Сомбор го сруши личниот рекорд од пред три години и запиша неверојатни 56 поени. Лудата партија на Јокиќ за жал оди во сенка, бидејќи загубија и тоа од најлошиот тим во лигата.

Како во Италија им го овозможуваат фудбалот на слепите навивачи?

Врвната иновативност од која може да профитираат луѓето со оштетен или целосно загубен вид е на Каљари. Измислиле минијатурен фудбалски терен на кој има плочка, која всушност се движи во реално време со топката на терен. Во раце го имаат цел натпревар. Браво за идејата.

Интелигенцијата на Реал Мадрид се вика Лука Модриќ

Ако на Камп Ноу на секој натпревар треба да се следат потезите на Ламин Јамал, на Бернабеу не застанува да импресионира човекот кој е 22 години постар од него. Реал Мадрид ја совлада Жирона на гости 0:3, Миовски одигра 58 минути, а конечниот резултат го запечати Килијан Мбапе на асистенција на Лука Модриќ. Обрнете внимание како му ја даде, но прво како го сочека. Пас со мозок.

Пеп ќе се степаше со навивач на улица

Со триумфот од 3:0 над Нотингем Форест, Манчестер Сити ја прекина лошата серија од 6 порази и едно реми, ама денес пак не успеа да победи и одигра само 2:2 на гости против Кристал Палас. На социјалните мрежи се појави видео од Гвардиола во кое се гледа како му се сипа на навивач откако овој го испровоцира дека пак загубиле. Наводно случкава е после поразот од Ливерпул.

Атракција на 19 годишник во 94 минута за реми против Барса, Јамал пак правеше лудории

Фудбалерите на Бетис се изборија за 2:2 против Барселона, која со головите на Левандовски и Торес, на два пати беше во водство. 19 годишниот Асане Диао ќе ја памети оваа ноќ, бидејќи деби голот во Ла Лига го постигна во 94-та минута против големиот фаворит и тоа со пета. Ламин Јамал повторно се истакна со интелигентна асистенција, а него издвојуваме и еден слалом.

Двете први битки на Мајкл Џордан и Дражен Петровиќ во Задар и Северна Каролина

Текстот кој го објавивме неодамна насловен како „Легендарни фотографии од првото соочување на Дражен Петровиќ и Мајкл Џордан“, предизвика голем интерес. Вистината е дека тој не им бил прв двобој.

Миовски и Жирона испаднаа од Купот поради судиска грешка

Во време на натпревари од Куповите ширум Европа, многу прволигаши тактизираат со своите состави и ги мешаат картите. Тоа често ги чини рана елиминација. Така Жирона за која не играа неколку првотимци меѓу кои и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски испадна сензационално од Купот од третолигашот Логроњес на пенали.

Сите големи промашувања на Мбапе од сезонава

10 гола на првите 20 средби не е лош просек за напаѓач во нова средина, ама тука не се работи за било кој, туку за Килијан Мбапе, суперѕвезда со материјал за Златна топка. Не му оди баш на Бернабеу, тоа е факт, а за причините е тешко да се зборува. Дресот на Реал носи огромен притисок, плус гужва е во напад, посебно што по природа играат на иста позиција со Винисиус.

Ако си интровертен, има стадиони со места и за такви

Ако некој сака да остане во свој свет дури и на фудбалски трибини, тогаш има и такви стадиони за него. Сент Џејмс Парк во Њукасл, Истер Роуд во Единбург и Тајнкасл Парк во Единбург

Мурињо дрско му одговори на Гвардиола

Меѓу долгогодишните големи ривали на терените отсекогаш владееше меѓусебна почит. Овојпат новинарите фрлија бибер и малку зачинија. 

Мастерклас слободен удар на Шаќири

На толку спортски настани неделава, да ти имало и швајцарски Куп од каде мора да видите нешто. Базел и Сион одиграа 2:2, а по само 5 минути од стартот на мечот, Ѓердан Шаќири изведе многу мајсторски, но и интелигентен удар од прекин. Како ја свитка мајсторе, секоја чест. Многу умешно изведено.

Страшен трипл-дабл на Никола Јокиќ, го надмина дури и Меџик Џонсон на вечна листа

Изминатава ноќ Никола Јокиќ го запиша својот 139. трипл-дабл во НБА кариерата со што се искачи на трето место на вечната листа кошаркари со вакви подвизи во историјата на НБА.

Циркузантска драма пред гол во Копа дел Реј

Сант Андреу од четврта лига против Реал Бетис од прва. Мечот заврши без изненадување, 1:3, а домаќините во еден момент просто неверојатно е како немаа ниту 1% среќа за да реализираат во оваа акција. Најлудиот момент е кога ќе ја фукне тој со цела сила и ќе погоди свој играч на сама гол линија.

Лудата атмосфера од мечот Партизан - Панатинаикос во Арена

За првпат во историјата на Евролига една навивачка група, овојпат онаа на Панатиниакос позната под името Гејт13 гостуваше во белградска Арена на меч против Партизан. Ова беше дополнителен мотив за и онака загреаните црно-бели да направат земјотрес во салата. Преку 20.000 навивачи на Партизан го видоа најдобриот меч на нивните играчи кои го растурија европскиот првак со 18 поени разлика - 91:73.

Валкан потег на Ван Дајк

Њукасл и Ливерпул одиграа 3:3, а многу малку фалеше гостите во првиот дел да бидат во негатива од два гола. Но Гордон не успеа да го дуплира водство, а Вирџил ван Дајк скроз непотребно го легна на земја. Ситуацијата остана незабележана и несанкционирана. Класичен Серхио Рамос потег.

Гвардиола го објасни случајот Де Брујне

Поточно самиот вели дека нема никаков случај (новинарите направија дебата зошто тој не играл, не бил во добри односи со Гвардиола и ред глупости). Пеп вели: „Да да, личен проблем имам со најдобриот играч на светот во последна третина од теренот, проблем имам со фудбалерот со кого работам 9 години и кој ми ги донесе најголемите успеси“.

Нов стадион во Англија од 800 милиони фунти и тоа со водопад

Евертон ја игра последната сезона на Гудисон Парк на кој се сместени од далечната 1892 година. Новиот стадион им е готов или скоро готов. Се проценува на околу 800 милиони фунти и има капацитет од 52.888 седишта. По сè изгледа е изграден по примерот на Олд Трафорд. Со можност за водопад кога врне дожд.