Offside

Додека во САД се игра Светско, македонскиот спорт влегува во историски момент. Лина Ѓорческа се избори за плсман на Вимблдон, турнир кој се смета за неофицијално светско тениско првенство во Лондон.

За мечот на Тајсон и Рој кои заедно имаат 105 години, сакале да менуваат многу правила за да ги заштитат

На 29 ноември ќе се одржи долго очекуваното враќање на Мајк Тајсон во рингот. Во Лос Анџелес ќе боксува против Рој Џонс, а поради сериозната возраст на двајцата, Атлетската комисија во Калифорнија сакала да ги менува правилата. Двајцата не сакале да слушнат.

Елмас го почувствува легендарниот број 10 на Сан Паоло

Наполи синоќа ја совлада Ријека 2:0 во Лига Европа, а домаќините на достоен начин и оддадоа почит на легендата. Мечот мина без навивачи кои може само да замислиме што чудо од кореографија ќе направеа доколку не беше короната.

Најмалиот сосед на Марадона кој го виде на последната прошетка

Изморен од бурниот живот, исцрпен од последната операција на мозокот, Диего Марадона излегува на улица придружуван од четворица луѓе од кои едниот му носи столче. Го снима комшика од прозор, а на видеото се гледа дека едвај се движи кутриот.

Најболното нешто за мажите, особено ако е од статива

Арсенал дури во вториот дел го скрши отпорот на норвешки Молде, славеше со 0:3 и се пласираше во нокаут фазата на Лига Европа. Ама сè ќе беше поинаку ако домашниот стопер Шериф Синјан во 15' минута не промашеше чист зицер. Притоа се опна кај што најмногу боли.

Његош лансираше ракета за најубав гол на колото во Европа

Црвена звезда со 0-2 го победи Гент во Белгија во групната фаза од Лига Европа. Првиот гол на овој меч падна во 53' секунда и е еден од најбрзите во историјата на ова натпреварување. Његош Петровиќ распали со сета сила од 30-ина метри и топката под пречка влезе во гол.

Неапол гори во чест на Марадона

Поинаку од нив и не се очекуваше, бидејќи Марадона им е безвременски идол и симбол со кого ги освоија половина од трофеите во нивната историја. Пет трофеи им донесе меѓу кои две Скудета во 1987-та и 1990-та кои никогаш нема да ги заборават.

Мурињо од срце за разговорите со Диего

Жозе и Марадона имале посебен однос и редовно се слушале и разговарале. Мурињо вели дека многу ќе му фалат тие муабети после поразите, зошто Диего му се јавувал во тешки моменти, а не после победи.

Еврогол на Хари Винкс за Тотнем од пола терен

Победничката серија на Мурињо и лидерот во Премиер лига Тотенхем продолжи во Лига Европа каде со 4-0 го добија бугарски Лудогорец. Во 63' минута од мечот Хари Винкс постигна фантастичен погодок за 3-0 од 40-ина метри:

Поворката и погребот на Ел Диего

Аргентина е во тага и плач и не може да се помири што нивниот фудбалски Бог повеќе го нема. Колони со илјадници луѓе тргнаа и трчаа по него, а семејството и покрај тоа што бараше, не успеа да го испрати во интимна атмосфера.

Една слика илјада зборови

Аргентина е обединета како никогаш во својата историја. Обединета во болка за својот најголем син - Диего Армандо Марадона. Дури и смртните ривали Бока и Ривер заедно жалат за иконата на светскиот фудбал.

Двата најпознати гола во кариерата на Марадона, 4 години по војната со Англичаните

На 22 јуни 1986-та, четири години по крајот на воениот конфликт меѓу Аргентина и Англија за Фолкландски острови, репрезентациите на овие две земји се сретнаа на Светско првенство каде падна најконтроверзниот гол во историјата.

Насловна на денот

Јасно е дека денеска насловните страници на сите спортски весници ќе бидат посветени на Марадона. Но оној кој се издвои е Лекип каде не веруваме дека претходно уредништвото воопшто помислило на ваква конструкција на реченица.

Тепачка за да се стигне до ковчегот на легендата

Аргентина тагува по човекот кој не го сметаат само за најголем фудбалер и толку, туку го сакаат на ниво на божество. Два дена збогување за Буенос Аирес е премалку.

Документарецот на Емир Кустурица за Диего

„За таков живот беа потребни две срца. Не се снајде најдобро вон фудбалскиот терен и често проаѓаше низ тешки периоди. Патеше со дрога, но и тоа го решаваше привремено како што ги решаваше најтешките ситуации во фудбал. За жал за еден таков живот беа потребни две срца, а не само едно. Ќе има побрзи играчи, подобри голгетери, но тешко ќе гледаме некој што толку ќе го сакаме“, изјавил режисерот Кустурица по смртта на Марадона.

Последниот месец мешал психотропни супстанци со алкохол, изгубил апетит и бил тажен

Здравствените проблеми на Диего Марадона не беа нови со оглед на неговиот начин на живот, а ситуацијата му се влошила во последните година дена.

Само мајсторишта како Тимур даваат вакви голови

Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.

Браќата Македонци кои имаа чест да играат против Марадона

За некого можеби е непознат факт, но Марадона има гостувано на Маракана во Белград со тимот на Барселона. Прилика за двајца македонски репрезентативци да се најдат рамо до рамо со аргентинската икона.

Непознати моменти од животот на Марадона

Светот уште полека ја прима веста за смртта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, човек чие име го спомнуваше секое дете кога ќе прославеше гол или добар дриблинг во школскиот двор. За кариерата на Марадона е пишано многу, но за неговиот живот се знае помалку.

Кралскиот пречек на Диего на Ла Бомбонера

Вториот негов клуб во кариерата беше Бока Јуниорс, каде 15 години подоцна ја заврши и кариерата. Годинава за последен пат им се појави, но во тренерска улога на друг клуб. Побудалеа навивачите.

Тридневна жалост во Аргентина, ќе се преименува стадионот на Наполи, едноминутен молк во ЛШ и ЛЕ

Сите натпревари од Лига на шампиони започнаа со едноминутен молк, така ќе биде и вечерва во Лига Европа. Во Аргентина прогласена тродневна жалост. Диего Марадона почина од срцев удар на 60 години.

Голема тага на улиците на Неапол и Буенос Аирес - замина најголемиот

Диего Марадона живееше во Неапол 7 години но на југот од Италија го сакаат исто колку што го љубат во родната Аргентина. Двата града се завиени во црно откако замина најголемиот на сите времиња.

Тоа е што е, нов пораз на Вардар во Лига на шампиони

Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.

Неверојатната Аталанта го сруши Ливерпул, а Интер доби нова шлаканица

Борусија Менхенгладбах е големо изненадување во Б групата каде со втор висок триумф над Шахтјор не ја дава лидерската позиција. Реал без Рамос и Бензема ја освои Меаца и го остави Интер со бедни 2 бода. Аталанта и сезонава прави страшни бељи, а Сити и Баерн се со мамсимален учинок.