Банер на Удинезе - Јуве со поддршка за Нестор

И покрај тоа што тешко фаќа место во прв тим и има само 5 гола изминативе две сезони, сепак навивачите на Удинезе го почитуваат нашиот напаѓач и не заборавија да го поддржат во овие тешки мигови за неговата кариера.

„Напред Несто...те чекаме“, гласи паролата на навивачите на Удинезе, поставена на стадионот Фрули за мечот Удинезе - Јувентус кој се одигра викендов.

Минатата недела Несторовски мораше да го оперира коленото поради повредата на лигаментите на еден од тренинзите на Удинезе и сега го чека долг период на рехабилитација.

За него сезоната е завршена, а нема да биде дел ниту од првиот историски настап на Македонија на Европското првенство кое стартува следниот месец. 

Претходно поддршка доби и од клубот

А и од репрезентативните колеги.

4 мај 2021 - 09:57