До овој континтентален турнир, УЕФА секогаш наложуваше на Европско секоја репрезентација да може да регистрира вкупно 23 фудбалери.
Овојпат УЕФА одлучи да го зголеми бројот на фудбалери кои секоја репрезентација ќе може да ги пријави на Европското - од 23 на 26.
Оваа измена се споменуваше неофицијално во претходните неколку месеци, но на Ивршниот комитет во Нион денес УЕФА удрила печат на решението. Одлуката е донесена пред сè од предострожност во случај некоја репрезентација да има позитивни играчи кои нема да може да настапат, на нивно место да дојде бонус играч.
Во целиот протокол, покрај оние 11 кои ќе го стартуваат натпреварот, ќе има 12 резерви меѓу кои мора да има тројца голмани на клупата плус тројца кои од трибини ќе чекаат можност да влетаат во репрезентацијата.
Според УЕФА, конечниот список кој до 1 јуни мора да го достави секоја федерација, а регулативите овозможуваат измени во случај на посериозна повреда на некој играч или некаква болест пред мечот која што ќе мора да биде потврдена со медицински извештај.
Играчите кои ќе бидат позитивни на тест или кои ќе бидат во „близок контакт“ со позитивен случај, ќе мора да останат во изолација и тие ќе се водат како оправдано отсутни и ќе може да се заменат пред првиот следен меч со одобрување од УЕФА.