Во вторите 45 минути Сити се постави многу доминантно со препознатливата игра на Гвардиола кој отсекогаш форсирал мирен и трпелив фудбал по земја со многу додавања.
ПСЖ едноставно тешко доаѓаше до топката, а тоа се должеше на одлично организираната игра на гостите кои дефитивно со ваков пристап се фаворити за трофејот.
Куса и едноставна анализа на Србите кои објаснуваат дека во Сити постои системот на игра од Барселона.
„Тоа што го работи Манчестер Сити е многу сериозно. Не е тоа дека само начекале пари и толку. Ако зборуваме за нивната организација, Сити е клуб кој го унапредува фудбалот. Не може да кажеме дека тоа што Сити постои е лошо за фудбалот, кога они развиваат добар фудбал“.
„Сити го префрли целиот модел од Ла Масија и направија Барселона за 21 век“.
„Отишле, прашале кој е тука. Барселона а? Да видиме што имаат тие и да направиме друга Барселона, пари имаме не е проблем“.