За клубот од „Камп Ноу“, најдобриот стрелец во историјата на Барселона решетал од слободен удар во Ла Лига, во Купот на Шпанија, во Лига на шампиони, во Суперкупот на Шпанија и во Суперкуп на Европа.
За Аргентина 6-те гола од слободен удар ги дал против Парагвај во квалификации за Светско првенство, против Уругвај исто во трка за пласман на Светско првенство, против Нигерија на Мундијал, против Панама и Америка на Купот на Америка и против Колумбија во квалификации за Светско првенство.
Аргентинскиот ас сезонава само во шпанска Ла Лига има 28 гола и 9 асистенции и е најзаслужен што Барселона се крена од пепелта и е сериозен кандидат за титулата во Шпанија.