Offside

И покрај бледата игра и дебаклот од Швајцарија, селекцијата на БиХ се крена, го победи Катар со 3:1 за прва победа на СП и како третопласирана селекција за прв пат оди во следна фаза. Швајцарија e прва откако ја доби Канада со 2:1. Канаѓаните се втори со 4 бода, поради подобрата гол разлика од Босанците. Катар ги пакува куферите.

Само Меси има повеќе голови од слободен удар од Барди

После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.

Евроголот на вечерта го постигна Спортинг

Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.

Џани и другарите после 90 минути орање по режимот на Биелса

Да бидеш стартер кај Ел Локо, колку е добро, толку и не е. Ќе те исцеди од трчање од прва до последна минута, а ако не ти одговара ќе седиш на клупа. Синоќа Лидс го совлада Њукасл на гости, а по последниот свиреж ја имаш оваа глетка.

Објаснување зошто Ибрахимовиќ му викал на Лукаку да прави вуду магии

Одамна не сме гледале така жестоко миланско дерби како во вторникот вечер во Купот на Италија. Интер славеше 2-1 со гол од слободен на Ериксен во 90+7' минута, а мечот го одбележи бурната расправија на Ибрахимовиќ и Лукаку.

Магијата на Ериксен за голем триумф на Интер

Чекаше чекаше Данецот шанса и на крај конечно ја дочека. Конте го омаловажуваше со по 10 секунди од клупа за резерви, а вечерва во Купот на Италија само што влезе во игра и после неколку моменти од слободен удар во 90+7' минута му донесе победа на Интер против Милан. Интересно, ова беше прв гол од слободен удар за Интер после цели 135 натпревари!

Голем испад на Ибрахимовиќ, камери го снимија што му кажа на Лукаку

Најдобриот фудбалер на Милан со убав гол прво го отвори дербито на Милано против Интер, а пред крајот на првиот дел влезе во жесток дуел со Ромелу Лукаку. Белгиецот со конгоанско потекло збесна и тргна да се пресмета со Ибрахимовиќ за кого се испостави дека го вреѓал Ромелу.

Велемајсторија на Барди ала Роналдињо

Фантастичен кам бек на Енис Барди кој се врати на фудбалските терени по пауза од два и нешто месеци на маестрален начин. Ваљадолид поведе против Леванте во Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативец го израмни резултат по 10 минути ептен мангупски.

Судија не е тоа твоја територија

90 минути е должен да држи линија и плус го пцуе кој стигне од трибина, без разлика дали имало офсајд или не. Епа и тој е човек.

Мечка на велеслалом

Додека трае Светскиот Куп во скијање во Кицбил и Шладминг, во зимскиот центар Предеал во Романија, скијачите од ски-лифтови забележале како една мечка трча агресивно кон еден скијач. Пробуваат со свирежи и викотници да ѝ го одвлечат вниманието, а дечкото на крај се спасил така што го фрлил ранецот по кој тргнала „мецана“.

Детето на Челси кое стана најмлад капитен после Џон Тери

Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.

5 прстени во 5 минути

Светот одбележува една година од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант. Човекот кој ја одбележа НБА лигата на стартот на новиот милениум со 5 титули за 10 години. Уживајте во овие историски мигови со него од 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.

Незаборавната ноќ кога Коби ја искина мрежата 81 пат

Помина една година откако еден од најдобрите и наславни кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа и создаде колективна тага. Да се потсетиме на неговата најблескава партија која ќе остане во аналите на НБА лигата.

Јокиќ ли е Дончиќ ли е?

Еден од дописниците на РТС од САД, Александар Жигиќ преку видео повик се обиде да му постави неколку прашања на Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс. Ама...

До 50 шанси за 100 000 денари

Aкција на Спорт лајф за тикет со најмногу погодени натпревари!

Видео со Тухел кое играчите на Челси треба да го видат

Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.

Данило Брестовац не е повеќе селектор на Македонија

По очајните резултати, игра и пласман, Ракометната федерација на Македонија донесе очекувана и разумна одлука во однос на селекторската позиција на македонската репрезентација.

Кире Лазаров - срцето на ракометна Македонија

Јутјуб каналот MP 'TM, е промотор на македонскиот спорт кој ги величи нашите репрезентации и великани како Лазаров, Пандев, Антиќ...Ама тоа го прави на уникатен начин со секогаш одлично скоцкани и моќни видеа. Најновото го наслови како: Kiril Lazarov 7 - Braveheart.

Рокерот со кожна јакна кој поведе против Тотенхем и го викна Мурињо да му биде тапанар

Иако резултатот 1:4 е убедлив, во понеделникот вечер Тотенхем одигра тежок меч на гости против Виком во ФА Купот на Англија и победникот го реши во самиот финиш.

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

Ќе ми ја закопаше за малце а?

Федерико Бернардески не бил единствен кој направи циркузантска сцена на мечот против Болоња. Погледнете го царот Хуан Куадрадо на каков начин зема да исфрла топка од шеснаесетник. Да не беше врвниов рефлекс на Шчесни, тек тогаш ќе имаше смеење.

Му го спуштија на Ибра од Аталанта

Златан го доби дуелот со Ѕапата во свој стил, ама на зборови, видео кое веднаш се рашири. Но тешко дека ќе има сега што да му одговори на Мартен де Рон после оваа негова објава на Инстаграм.

Дилајлата Пепе уште се тегне во Португалија и тоа со свој соиграч

Порто ја продолжи потерата по лидерот Спортинг кој нема пораз на 14 меча (11 победи и 3 нерешени). „Змејовите“ од Драгао со 0-1 го победија Фаренсе и сега имаат 35 бода, 1 помалку од вечниот ривал.

Нови, интересни рекорди на Горан Пандев

Капитенот на Македонија, во неделата на мечот Џенова - Каљари (1:0) влезе во игра во 62' минута наместо стрелецот на единствениот гол Матиа Дестро и постави нови рекорди.

Вујо: На Македонија и требаат нови Марковски и Јоноски, кои имаа срце како еден автобус

„Говорот на нивното тело беше нешто кое не сум го видел. Никогаш не сум го видел Кире таков потиштен, како да се предаде. Мора да направат подлабока анализа по Мундијалот“.