Пандев vs Мбапе на ЕП 2020

Селекцијата на Франција претрпе срамен пораз во осминафиналето, а една од најголемите разочарувања во нивниот табор е перформансот на Килијан Мбапе. На Твитер му пукаат сеир и го споредуваат со Горан Пандев.

Македонија се одјави од Европското уште на 21 јуни, но уште е тема на разговор или поточно Пандев е тема на разговор.

На трите настапи на своето дебитантско учество на Еврошампионатот, нашата легенда со 37 години даде барем гол и ја израдува цела Македонија, а Мбапе играше на четири средби и со замина дома со нула погодоци.

22 годишната ѕвезда, инаку светски првак во 2018, кој се смета за наследник Меси и Роналдо, на големо го реметат на Твитер.

30 јуни 2021 - 08:43