Offside

Во Македонија многумина добро се сеќаваат и едвај чекаат повторно да им дојдат шкотските навивачи. Биле во Скопје во неколку наврати. Секогаш насмеани, весели, пивнати, никогаш не прават проблеми и спремни се за добар британски хумор. Такви се и во САД на Светско првенство.

Пандев: Неискуството на селекторот си го направи своето, моравме да освоиме повеќе бодови

Поранешниот капитен и легенда на македонската репрезентација верува дека Македонија уште има шанси да се пласира на Светско првенство, но ќе мора да помине потежок пат.

11-те гола на Македонија против Лихтенштајн

Мислевме дека Јутјуб не држи снимка од рекордот на Македонија, стар 25 години, ама изненади. Тони Мицевски ги излета тројца како деца, плус голманот, Митко Стојковски ја опали опасно со левица, а Дејви Главевски дебитираше со хет-трик за репрезентација.

Која е дамата која ги донесе најбогатите Саудијци и Катарци во Премиер лигата?

Њукасл и официјално премина во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Фронтмен на целата зделка е Аманда Стејвли, британска бизнисменка која со години е на насловни страни во тамошните таблоиди.

Нека се спрема Европа, навивачите на Њукасл слават, клубот го купи фонд од Саудиска Арабија

Сонот на навивачите на Њукасл се остварува - омразениот Мајк Ешли со кого со години водеа војна конечно го продава клубот и ќе му го видат грбот. Њукасл го купува државен инвестициски фонд од Саудиска Арабија (PIF – Public Investment Fund) - најбогат фонд на светот. Зделката е официјална, објави и Премиер лига.

Спектакуларниот пресврт на Франција против Белгија, вреден финале

По падот на европскиот првак кој капитулираше дома од Шпанија, гледавме уште една полуфинална мега пресметка во Лига на нации. Оваа беше многу подраматична и понеизвесна, а ја доби актуелниот светски шампион кој од 2:0 на полувреме, ја сврте на 2:3 во 90-та минута со голчиште на Тео Хернандес.

Внесување резултат на ултра модерен начин

Урнебесната сцена е од квалификацискиот меч за ЕП У-21 меѓу Португалија - Лихтенштајн. Прво мислевме дека е некоја заебанција, а тоа да ти било проблем. Во 63-та минута при водство од 10:0, пазете што се случува. Инаку 11:0 заврши.

Тренерот на Големо Коњари од утре ќе шепоти

Пак се изборивме за место во Сеоски фудбал, два пати за еден ден. Прво со урнебесната сцена од прволигашкиот, а сега и од нисколигашкиот фудбал. Иљоооо види го бе гојдо, рече прилепскиот стратег.

Занимливиот пат на врвниот стрелец и прв црномурен стрелец во 123 годишна историја на Билбао

Ињаки Вилијамс (27) е неверојатно интересен фудбалер, лидер на Атлетик Билбао, клубот симбол на Баскија. Не само што одигра 203 меча по ред без да пропушти ниеден, не само што се изнадава голови за екипата, туку раскажа и фасцинантна сторија за патот на неговите родители до Шпанија.

Историската средба на Франција и Алжир, која требаше да биде чин на помирување

Битката беше фудбалска, но сепак и до ден денес се доживува како откривач на една од француските поделби, ослободувајќи страсти за идентитет. Надежта дека повторно ќе се сретнат овие две земји во мирна клима, остана само пуста желба на Французите.

Конечно дојде и тоа, НБА ќе легализира марихуана

По децениски дебати, управата на најдобрата светска лига спрема голем преседан во пресрет на новата сезона. Најдобрите кошаркари на светот веќе нема да бидат тестирани на марихуана.

Кој е Гави, детето што заигра за Шпанија и ја импресионираше Европа?

Пабло Мартин Паез Гавира или скратено и попознат како Гави е малиот кој осамна на насловните страни на многу европски медиуми денес.

Италија изгуби официјален меч дома за првпат од 1999-та година

Во првото полуфинале од Лига Нации, Шпанија ја совлада Италија на „Сан Сиро“ во Милано 1:2 и ја прекина серијата на „аѕурите“ од 37 меча без пораз.

Се тркалаше како Нејмар па ги изнервира присутните и настана хаос

Форталеза со 0-2 на гости го победи Флуминенсе, а во еден момент од средбата ветеранот Фред се напна кога противнички играч почна да глуми и да се тркала како да го погодиле со ракета.

Свирежи за Донарума уште на прв допир со топка

Европскиот првак немаше своја ноќ синоќа на Сан Сиро. Крај на импресивната серија на Роберто Манчини од 37 меча без пораз и стави одличната Шпанија на Луис Енрике, а со непријатни моменти се соочуваше Џиџо Донарума. Навивачите на Милан уште пред мечот најавија дека не е повеќе добредојден во Милано.

Хернанес се изнервира или е многу жеден?

36 годишниот Бразилец се прослави во Лацио, потоа заигра за Интер и Јуве, па му се подзагуби трагата. Еве го бе, кој го бараше? Се јави од бразилскиот тим Ресифе.

Селска финта во мак фудбалот, последен пат видена во 90-те

Селската финта совршено се вклопи во мега популарната Фејсбук страница „Сеоски фудбал“, која е насочена главно кон балканштината. Горд на неа е навивач на ФК Скопје во дуел со играч на Академија Пандев. Значи зборуваме за прва лига.

Вујо: Секоја победа е најмалку 50% на нашата публика

„Амбиентот и емоцијата која ја има во Скопје, не може да се најде никаде. Противничката екипа понекогаш се губи во таква атмосфера“.

Шпанска магична тики-така на 60 метри далечина

На последниот тренинг на Шпанија на величествениот „Сан Сиро“, каде вечерва од 20:45 ќе играат со Италија во полуфинале на Лига на нации, Феран Торес и Родри демонстрираа невозможна контрола на топка со долги додавања од 60 метри растојание.

Повеќе се тепаа отколку што играа хокеј

На мечот Тамба Беј Лајтенинг - Флорида Пантерс во предсезона на американската НХЛ лига гостите победија 2-3, ама мечот го одбележаа еден куп тепачки меѓу хокеарите.

Следува голем боксерски мегдан, трилогија меѓу кралот на Ромите и бронзениот бомбардер

Шампионот во WBC во тешка категорија Тајсон Фјури (30-0-1, 21 нокаут) во недела рано наутро по Средноевропско време ќе ја брани титулата против големиот ривал Дионтеј Вајлдер (42-1-1, 41 нокаут) во Лас Вегас, Невада, САД.

Со кошарката се збогува големиот Пау Гасол, најголема шпанска легенда

За него само во суперлативи збореа Рафа Надал, Расел Вестбрук, Наваро, Рики Рубио и уште многу други спортски великани. Неговата кариера е преполна со трофеи, признанија, титули, пехари, медали.

20 години од најпознатиот слободен на Бекам во кариерата

На „Олд Трафорд“ на 6 октомври 2001-ра година во последното коло од квалификации за Светско првенство 2002, Англија играше со Грција. Англичаните и Германците имаа исто бодови на табела и го држеа првото место.

Артуро Видал пак гипс се направил

Еден се мести да вози, друг му отвора врата, а тој едвај стои на нозе и се слика со фанови. Во еден момент колут назад фати да прави на Ферарито, па се вклучи алармот. Драма.

Од Белорусија стигна необична прослава на гол

Во белоруската најдобра лига фудбалерите на Гомељ во саботата на домашен терен на стадионот „Централњи“ играле против Славија. Мечот завршил 3-0 за Гомељ, а гледачите ќе ја памтат креативната прослава на еден од головите.