Рафа е фајтер уште од мал

Шпанскиот тениски ас годинава е во топ форма со 15 победи на 15 натпревари и веќе три освоени турнири. По Австралија опен на кој стигна до рекорден 21 Гренд слем, го освои и турнирот Акапулко во Мексико откако во финале го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0. Надал е најмлад (18 години) и најстар тенисер (35 години) кој победил на овој турнир. Уште од дете бил свесен како се стигнува до врвот.

Инаку во полуфинале го совлада Медведев како реприза од финалето во Мелбурн. Погледне ја оваа упорност и мајсторија.

 

28 февруари 2022 - 15:58