
Фајнал Форот во мај 2022 година ќе се одржува во Белград. Делегацијата на Евролига во вторник треба да допатува во Србија со цел да ги прецизираат сите детали околу најголемиот кошаркарски клупски собир во Европа.
Фајнал форот првично требаше да се игра во Берлин, но со оглед на епидемиолошките мерки во Германија, престолнината на оваа земја не е во можност да преземе организација на Ф4 турнирот.
Притоа градот Белград и кошаркарскиот сојуз на Србија во договор со медицинските власти, дале гаранции дека на турнирот во белградска Арена ќе може да има присуство на публика со валидна потврда за вакцинација.
Во 2018-та Белград беше домаќин на Фајнал Форот кога Реал Мадрид во големото финале го совлада Фенербахче.
Актуелен владетел на шампионската титула во Евролига е турскиот Ефес Пилсен кој лани доминантно го освои пехарот во Келн.