Offside

Словенија не успеа да го сруши светскиот првак во последното четвртфинале на Евробаскетот.

Кој пукаше во Леао?

Прв пораз на Милан сезонава кој без неколку првотимци беше немоќен против шампионот на Италија. Немоќта беше видлива и кај Леао кој се обиде да изглуми пенал. Бернандески му го почеша грбот, а овој се струполи како на Кантер Страјк. 

Луда асистенција на Јокиќ која стана хит

Брилијантна партија на Никола Јокиќ со 35 поени, 15 скока и 6 асистенции на мечот против Минесота кој Денвер го доби со 123:116. Сите зборуваат за генијалниот пас на Србинот со кој ги воодушеви коментаторите.

Што се укочи бе Елиф?

Голем кикс на Наполи кој загуби дома од аутсајдерот Специја 1:2 и тоа со пресврт. Елмас влезе во 76-та минута и имаше чиста шанса за гол за да го спаси својот тим од пораз. Љоренте во финишот се загради и му ја даде на тацна, а нашиов наместо да направи еден чекор и да ја дувне во гол, се збуни и остана во место.

Браво за Трајковски, одличен гол од 20 метри за Мајорка

Конечно шанса во првиот тим за македонскиот репрезентативец кој ја искористи и покажа дека е калибар на напаѓач кој знае сам да се избори за гол позиција надвор од шеснаесетник.

Оправдано ли е медицински да се игра кошарка со маски?

Апсурдни фотографии и снимки ни доаѓаат од САД, каде може да се забележи како кошаркари и кошаркарки носат маски, ама не на клупа, туку во сред игра. Па добро како издржале цел натпревар?

На нерви почнаа да одат ваквите пенали

Кога тогаш ќе се најде некој голман на кој ќе му дојде преку такво, ќе се стрча, ќе ја рогне на трибини пред овој да ја изведе и ќе му рече шутирај ако шутираш, пола век те чекам. Инаку дрвачов е од Јапонија и подобро да не го видат Ѕаѕа и Погба.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Е ова е махер. Кога со 50 денари ќе фатиш 20 утакмици и ќе ги заколиш 20.000 евра. 3+ ставил четири пара, а другите му се фиксови. Браво друже.

Како Вујадин Бошков зборуваше за Марадона

Истиот период додека Диего беше врвен во Наполи, легендарниот југословенски стручњак ја водеше Сампдорија. Погледнете со каква страст го опишуваше. Вели сиромаси ќе му побараат 10.000 лири, а тој им даваше 100.000.

Кога на Дрејмонд Грин ќе му дадеш да организира напад

Веројатно сакаше на некој да му каже да влезе или општо да смени позиција, ама некако немаше нерви да го дочека, па од тоа произлезе циркузантска сцена. Коментаторот закочи со коментирање од што му беше слатко смеењето.

Епска футсал сцена во Германија

Некако не ни влага во глава ова дека е во Германија и сè некако не влече да мислиме дека е во Романија. Небитно. Него кај најде петкава на таа врата да се залепи.

Тренерот на Саутемптон плачеше од радост за победата против Ливерпул

Со голот на Дени Ингс уште во 2 минута, Саутемптон го изненади Ливерпул и му го нанесе вториот пораз по 17 кола во Премиер лигата. За Ралф Хазенхитл ова е прва победа против Клоп и плус му дојде на 4 бода. Кога судијата свирна крај го совладаа емоции од радост.

Роналдо од 2002-ра е неуморен стрелец без застој

Италијанскиот печат пишува: Не го викајте КР7, туку КР20. Затоа што му пресметаа дека 15 сезони по ред постигнува по минимум 20 гола по сезона за клуб и репрезентација. Каква машина.

И после зошто Малезија ја нема на Светско

Ерик Максим Чупо Мотинг мижеечки ја дава оваа, па и Дејви Главевски сега на 53 години.

Пожртвуваноста на годината се случи во Русија

Јунак на денот, неделата, месецот, годината, па и деценијата. Фабио Канаваро гледа и се гордее. Малдини исто. Па ова на голман му нема успеано.

Судискиот криминал во трета лига ни е појак од Зимбабве

„Ние Македонците сами си се крадеме. Реагирав кон судијата, дали има очи да види што се случи, а тој ми вели `молчи, оти ќе те истерам`. Мене да ме истера, оти тој не досуди офсајд од четири метри. Косата си ја откорнав од нервози“.

Брилијантниот Кари експлодираше со 62 поени против Портланд

Голден Стејт Вориорс копаше низ историјата за да открие дека скоро 50 години ниту еден друг нивни кошаркар не постигнал толку поени. Стефон Кари синоќа не знаеше за доста.

Ај дека не можеш од подалеку

Александар Трајковски на клупа го преседе цел меч меѓу Овиедо и Мајорка, конечни 2:2, ама бар имаше што да види. Неговиот колега Хоан Састре испука проектил од крајот на светот, а ќе речеш бекче е, сигурно ќе ја подаде.

Најлошиот волеј во кариерата на Меси

На толку чуда од голови и потези, еднаш и Лео да направи некој пацерски потег на кој му пукаат сеир. Инаку она што е поважно е што не се посрамотија како против Еибар и ја совладаа Хуеска 0:1 со голот на Де Јонг.

Киран Тирни ли е, Роберто Карлос ли е?

Во зимска снежна идила, Арсенал се отвори на гостувањето против ВБА со 0:4. Лаказет даде два гола, Сака еден, ама сите зборуваат за солото на Шкотланѓанецот Тирни кој целосно го избезуми чуварот. Врвна игра со лева па со десна, па уште и јака завршница.

Во Бундеслига падна голот број 1 за 2021-ра

Иако сме навлезени само во вториот ден од новата година, сепак силно веруваме дека Германците во 2021-ра нема да видат уште едно вакво ремек дело. Надием Амири од Баер Леверкузен изведе две магии кои не знаеме како да ви ги опишеме. Едноставно се надмина себе си.

Најважните спортски моменти од 2020 кои ќе се паметат

Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.

Најдоброто на Иниеста од 2020-та во една минута

Ништо не му значат тие 36 години бидејќи дечкото за фудбал користи мозок. Во неговите игри владеат интелигенција и елеганција. Едноставно Андрес е уметник со топката и на Јапонците треба да им е чест и привилегија што го имаат во залезот на кариерата.

Дончиќ му создаде вртоглавица на Адебајо

Само три асистенции му фалеа на Лука за да ја стартува годината во трип дабл. Словенецот го заврши мечот со 25 поени и 15 скокови за триумф на Далас над Мајами од 93:83. Потегот на вечерта го направи во дуел со Бам Адебајо кој не знаеше што го снајде.