Кристијано Роналдо е сè друго освен дете, но и ден денес го има истиот ентузијазам и желба да се забавува со топка како да е дете.
Ентузијазмот со кој го постигна голот за 1:0 против Удинезе е истиот со кој се радуваше со тупаници на 7 октомври 2002-ра, кога започна неговата епопеја во Португалија.
Тој ден погоди два пати против Мореиренсе, а синоќа во веќе 2021-ва во првиот меч од годината со силна и прецизна дијагонала направи и асистенција до Киеза за 2:0.
Потоа го постигна и својот втор гол на средбата, а на крај истрча да го прегрне Дибала по оние 4:0, бидејќи знае колку може да биде еден погодок скапоцен за напаѓач кој се наоѓа во тежок момент.
Безмилосен со противниците, дарежлив со соиграчите, романтичен со својата жена. Да се стане број 1 не е лесен подвиг, а да се биде таму со таква форма е суперхеројски. Не за џабе велат дека кога ќе се стигне на врвот, најтешко е да се остане таму.
Роналдо почна да дава голови на 17 години и еве го на неполни 36 кои ги полни за еден месец, ја бара топката за уште голови со желба како тоа да е единствената работа за правење во животот.
Сега неговата бројка на голови е 758, а тоа значи рушење на рекордот на Пеле кој има 757 официјални. На листата на стрелци во Серија А има 14 на 11 меча, 2 повеќе од Лукаку со кој се среќава за две недели на Сан Сиро.
Само во сезоната 2014/2015 како играч на Реал, имал подобра ефикасност после 11 кола. Инаку неуморниот Кристијано е во неверојатна серија од 20 години по ред во кои постигнува голови и 15 сезони во низа со минимум 20 комада за клуб и репрезентација.
Роналдо беше бесен по поразот од Фиорентина и им вети на навивачите дека во 2021-ра ќе видат друг Јувентус кој синоќа го водеше како лидер.
Тој посакува ново Скудето и за него ќе се бори со сите сили.
„Одлично момци, ја започнавме годината на најдобар можен начин“, напиша на социјални мрежи.
Високиот триумф од 4:1 им дава морал и самодоверба во поглед на мечот против Милан со кој Бјанконерите ќе се соочат во среда на Сан Сиро. Тоа е меч кој не смеат да го кикснат со цел да го одржат сонот жив за десетто Скудето по ред.
Cristiano Ronaldo overtakes Pele's official goal tally 😎
— Goal (@goal) January 3, 2021
7️⃣5️⃣8️⃣ Ronaldo
7️⃣5️⃣7️⃣ Pele pic.twitter.com/PkflyyuMMY