
Александар Трајковски стигна до деби погодок сезонава во дресот на Мајорка која одигра 2:2 против Фуенлабарда во Купот на Шпанија.
По 11 минути игра Алекс го мрдна својот чувар и го убав гол го матираше голманот од позиција од каде редовно им се закануваше на голманите додека играше за Палермо.
За нашиот напаѓач ова е втора сезона во Мајорка каде направи трансфер во август 2019-та, но добива многу мала минутажа.
Сезонава има 11 настапи во првенство и 4 во Купот, но обично влегува од клупата за резерви.
Мајорка не успеа да мине на пенали.