Оправдано ли е медицински да се игра кошарка со маски?

Апсурдни фотографии и снимки ни доаѓаат од САД, каде може да се забележи како кошаркари и кошаркарки носат маски, ама не на клупа, туку во сред игра. Па добро како издржале цел натпревар?

Веројатно не треба да се биде експерт за да се посомнева човек дека ваков напор се коси со носење маска, бидејќи логично е да им се намали капацитетот за дишење и многу побрзо да ги стаса заморот.

Инаку се работи за колеџ лигата на универзитетот во Бостон, каде и машката и женската екипа на Бостон играат со маски, со таа разлика што на женскиот натпревар и противниците носат маски.

За чудо резултатски тоа не им се одрази, напротив и двете екипи со победа ја отворија новата сезона.

Значи сега може убаво да земат воздух. До следниот натпревар.

5 јануари 2021 - 14:53