Фудбалската лига на САД, МЛС им дала дозвола и зелено светло на навивачите на Колумбус Кру на своите домашни натпревари слободно да веат знамиња од Палестина, но само на нивната навивачка трибина зад голот, не и на другите.
Фудбалерите на Аргентина со 1:1 го стартуваа првото коло во Копа Америка против Чиле, во меч на кој Меси го мина Роналдо по број на голови од слободен удар, а пред стартот домаќините приредија шоу за починатиот Диего Марадона.
Пред мечот со домаќинот Унгарија против која Португалија ќе го отвори Европското првенство 2020, Кристијано Роналдо демонстрираше дека водата му е избор пред Кока Кола.
Го постигна на Европското 1996 со опасна финта и волеј и тоа на дербито против Шкотска. Не можеше послатко и поспектакуларно. Еврогол за паметење кој помина низ сите најавни шпици.
Шпицот на Баер Леверкузен Патрик Шик стана права ѕвезда во досегашниот тек на Европското откако денеска со два супер гола ѝ донесе победа на Чешка против Шкотска.
Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.
Она што беа Северно Ирците на Евро 2016 во Франција, сега се нашите навивачи во Романија. Во Букурешт песна не престанува, а журката не ја прекинуваа ни обилните монсунски дождови.
Еден од домаќините на Евро 2020, Англија на својот „Вембли“ со 1-0 го победи стариот должник Хрватска и колку толку им врати на „коцкестите“ за сите претходни порази. Англија играше во најсилен состав а десниот бек Кајл Вокер во еден момент како да тргна по слепа уличка.
Имобиле, Роналдо, Балак, Друловиќ, Паненка, Клинсман, Зидан, Руи Коста, Нистелрој, Пирло...Сè се тоа фудбалери кои дале гол со 30+ на ЕП, но никој од нив на годините кои ги има нашата легенда пред која има само едно име на вечната листа.
Португалскиот легендарен тренер некое време го тренираше Кристијан Ериксен во Тотенхем каде соработуваа од близу. Жозе раскажа како ги доживеал потресните моменти со најдобриот фудбалер на Данска.
Холандија не пушта странци па така украинската публика во Амстердам беше составена претежно од тамошни резиденти. Мечот беше најубав на Европското досега а помина во добра атмосфера и на трибините каде еден холандски навивач им честиташе на Украинците на евроголот на Јармоленко.
Не постојат зборови со кои може да се објасни доминацијава, бидејќи ова нивното е лудо и неповторливо. Па од 30 годишна возраст до сега, Новак има 7 Гренд слем титули, Рафа 6, Роџер 4. Како ли издржуваат уште и тоа на тронот и што после нив? 20 години тениска опсада - 59 Гренд слем титули заедно. Неверојатно.
Укусот на сељачко однесување на синоќешното деби на Македонија на ЕП го остави Марко Арнаутовиќ кој по третиот гол се истакна со ароганција скроз непотребна, особено на решен меч.
При резултат 1-1 додека Австрија почна да го префрла тежиштето кај нашиот гол и да удира од сите страни, тргнавме во една брза контра во која Енис Барди на чудесен начин го пронајде Бобан Николов кој промаши убава прилика за водство.
Во нашата група синоќа на два меча паднаа 9 гола! Македонија изгуби од Австрија 3-1 а Украина изгуби од Холандија 3:2 и тоа со гол примен во 85’ минута од мечот.
Лудачкиот пресврт на Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос, посебно ќе го памети едно дете од трибините кое се однесувало како тренер спрема српскиот ас, кој објасни зошто се одлучил да му го подари токму на него.
По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.
Сонот наш од детство е остварен. По 30 години од осамостојувањето, Македонија дебитираше на Европското првенство. Во Букурешт бевме па речиси како домаќини, со 4.000 навивачи на трибини и со многу емоции кај Мрме и неговите избраници кога се интонираше химната. Ова е снимка за историја.
Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.
Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз во првото коло од групната фаза. Австрија - Македонија 3:1 (1:1). Капитенот Пандев стана втор највозрасен стрелец во историјата на европски првенства. Следен ривал Украина во четврток.
Вардар vs Динамо Букурешт, 1985-та, 1 коло во Куп на УЕФА. Поминаа нашите со вкупни 2:2 поради гол на гости кој го постигна легендарниот Васил Рингов, кој се проби како шило во среден ред. На тој меч настапија и Панчев, Савевски, Канатларовски, Јаневски, Сетинов...
На неколку часа пред историскиот прв настап на Македонија на Евро2020, против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на своите профили на социјалните мрежи пиша емотивна порака.