Јужноамериканскиот континентален собир кој е пандан на Европското првенство ја доживеа истата судбина минатата година поради пандемијата. Го преместија за ова лето и ќе се игра од 13 јуни до 10 јули. Домаќин и бранител на трофејот од 2019-та е Бразил.
Се игра во две групи со по пет учесници, а во првото коло за одбележување е мечот Аргентина - Чиле 1:1. Резултатот го отвори Меси со гол од слободен удар број 57 со што го мина Кристијано Роналдо кој има 56.
Но има уште многу легенди пред него.
Резултатот го израмни Варгас по промашениот пенал на Видал. На 1:55 на видеото.
Интересен беше и овој дуел на Меси кој беше исфрлен од игра.
А со посебно внимание треба да се изгледа воведот на мечот.
Пред првиот квалификациски меч за СП пред десетина дена, беше откриена и статуата на Марадона поставена пред стадион, каде се појави селекцијата на Аргентина.
Прославата на голот беше идентична како онаа на Марадона на СП 1986.