Крв, солзи, пот. Меси стварно не се штеди никогаш кога игра за својата Аргентина. Дава сè од себе кога и да го облече саканиот дрес а тоа го покажа и летово кога блеска на Копа Америка и ги одведе гаучосите во финале, каде ќе се борат за 15-та титула, прва по онаа од далечната 1993-та!