Јаки кадри од камерата задолжена само за Меси на пеналите

Крв, солзи, пот. Меси стварно не се штеди никогаш кога игра за својата Аргентина. Дава сè од себе кога и да го облече саканиот дрес а тоа го покажа и летово кога блеска на Копа Америка и ги одведе гаучосите во финале, каде ќе се борат за 15-та титула, прва по онаа од далечната 1993-та!

Еве како Лео ги проживеа пеналите. Во еден момент на колумбискиот стопер Јери Мина кога Мартинез му одбрани пенал му вика: „Играј, танцувај сега, играј сега да те видам“.

Колумбиецот Франк Фабра во 48’ минута грубо го фаулираше Меси и му го раскрвари зглобот, ама овој продолжи да игра како ништо да не е до крајот од мечот: 

Интересно, Меси е рекордер на Аргентина и по бројот на одиграни натпревари на Копа Америка (27). Првпат учествуваше во 2007-ма. Маскерано е зад него со 25 меча, Занети има 22. Што се однесува до стрелците, најдобар на вечната листа на Аргентина на Копа Америка е Норберто Мендез со 17 гола. Меси е 6-ти со 9 гола колку што имаат и Агуеро и Умберто Маскио.

7 јули 2021 - 10:50