Додека Европа ужива во финишот од Европското првенство, јужноамериканците се дразнат на нивното континентално натпреварување Копа Америка, пандан на ЕП.
Почна два дена подоцна од Европското односно на 13 јуни, а финалето е еден ден порано на 10-ти. Од десетте учесници поделени во две групи, од кои потоа се формираа четврт и полуфинале, останаа две.
Погодете кои? Бразил и Аргентина. Бразилците во понеделникот го совладаа Перу со 1:0, а синоќа додека гледавме Италија - Шпанија, се играше второто полуфинале меѓу Аргентина и Колумбија кое заврши 1:1, па 3:2 на пенали.
Материјалот е богат. Од каде да почнеме?
Аргентинците поведоа по само 7 минути игра со голот на Лаутаро Мартинез на асистенција на Меси.
Израмнувањето пристигна во вториот дел преку Луис Дијаз кој постигна многу тежок гол.
Меси беше во елемент, како што е на цело натпреварување. Си ги меша како сака, проигрува, асистира и е прв стрелец со 4 гола.
Аргентина не доби пенал за ова влечење врз Отаменди.
Колумбија имаше статива во прво полувреме
Исто така и Меси во второ
Кој делеше убави топки до крај.
Голманот на Аргентинците Емилијано Мартинез вака се израдува кога фати пенал.
А пак кога Мигуел Борха му даде гол
Сите пенали
И за крај славјето на терен
Messi is HYPED 🙌 pic.twitter.com/7uT7XHsC3t
— FOX Soccer (@FOXSoccer) July 7, 2021
Кое во соблекувална го водеше Папу Гомез