Клуб Бриж го прегази Ренџерс на Ајброкс како никој

Белгискиот шампион Клуб Бриж го торпедираше Ренџерс среде Глазгов на преполн „Ајброкс“ со 1-3 во првиот натпревар од баражот за Лига на шампиони. Белгијците водеа со 0-3 после 20 минути игра а тогаш дел од гледачите почнале да го напуштаат стадионот. Фермант во 3-та минута, Жорне Спилерс во 7-ма минута и Брандон Мекеле во 20-та минута ја наполнија мрежата на Бутленд. Реваншот е за една недела а Клуб Бриж со една нога е во елитната и богата Лига на шампиони.

А стадионот беше полн и грмеше со прекрасна кореографија на стартот:

Головите од мечот:

20 август 2025 - 10:02