Жолт картон во Украина зошто зборела на руски

За време на натпревар од женската фудбалска Премиер лига на Украина меѓу Колос и ФК Сестри, главната судијка Анастасија Романјук ѝ покажала жолт картон на една од фудбалерките на гостинките од Одеса, Ирина Мајбородина зошто зборувала на руски јазик додека се бунела за некоја судиска одлука.

Судијката рекла: „Жолт картон за неспортско поведение и побарав од фудбалерката да зборува на украински, ова е украинско првенство, така што жолтиот е за тоа“.

20 август 2025 - 09:02