Таткото и мајката на Елшник на велосипед до Белград за Лига на шампиони

Словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник за кратко време ги освои сите симпатии на навивачите на Црвена звезда. Стана лидер на тимот, играч без кој не е замилсив средниот ред на црвено-белите. Вечерва Звезда игра бараж за пласман во Лига на шампиони а родителите на Тими Макс Елшник тргнале со велосипед од Златоличје до Белград со цел да го бодрат својот син од стадионот.

Растојанието од Златоличје до Белград е 491 километар.

Татко му Матјаж на својот Фејсбук профил напишал:

„Пред повеќе од 20 години на нашето игралиште „На Гмајни“ во Златоличје во друштво на своите другари почна фудбалскиот пат на Тими Макс.

Во тоа време никој не можеше да знае каде тој пат ќе го однесе. Тој веруваше дека ќе го однесе до Лига на шампиони и во репрезентацијата на Словенија. Денес кога тој пат го однесе до „Маракана“ во Белград, Тими го живее тој сон. Многу тешко е на родителот да го опише чувството, гордоста и благодарноста кога вашето дете ќе постигне нешто така извонредно. Не така одамна, нам ни дојде една луда идеја, а истовремено и завет дека ќе ја поминеме патеката која Тими Макс ја освои со топка. Пред 4 недели решивме дека бараж натпреварот на „Маракана“ од квалификациите за Лига на шампиони е прав предизвик да ја поминеме патеката „ОД ГМАЈНА ДО МАРАКАНА“ во чест на Тими Макс и како предизвик за нас и доказ дека се е можно“.

 

 

19 август 2025 - 12:52