Македонија на Австрија ќе ѝ се спротивстави во најсилен состав. Во стандардната 3-5-2 формација, Ангеловски се реши за:
Столе Димитриевски на голот, одбранбеното трио ќе го сочинуваат Ристовски како десен стопер, Дарко Велковски како централен и Висар Муслиу лево до него. На позицијата лев офанзивен бек немаше дилеми, тука ќе стартува Алиоски, десно најверојатно ќе покрива Бобан Николов. Пред одбраната ќе стои Адеми, а во средниот ред Барди и Елмас. Трајковски ќе биде зад истурениот Пандев.
Очигледно намерата на Ангеловски е да се сопре најопасниот дел на ривалот, левата страна каде би требало да игра Давид Алаба.
Од друга страна Франко Фода на клупа ги остави искусните Марко Арнаутовиќ, Валентино Лаѕаро и Јулијан Баумгартлингер. Шпицот на Австрија ќе го предводи корпулентниот Саша Калајџиќ, а присуството на двајцата високи стопери Александар Драговиќ и Хинтерегер значи дека Алаба ќе учествува во организација на играта.
Мечот на „Национална Арена“ во Букурешт почнува од 18 часот а судиите се од Шведска: главен Андреас Екбгерг, помошници Мехмет Чулум и Штефан Халберг. Четврти судија ќе биде Русинот Сергеј Карасев.