Холандија и Украина го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од Европското, најдобар од аспект на голови, шанси, полу-шанси, неизвесност. Домаќините на „Јохан Кројф“ Арена во Амстердам тргнаа офанзивно како што јавноста бараше од селекторот Де Бур но во првите 45 минути не видовме голови.
Во вториот дел Холанѓаните блеснаа и со голови во 52’ минута на Џини Вајналдум и Воухт Вергхорст во 59-та водеа со убедливи 2-0.
Селекцијата на Андреј Шевченко не падна и тргна во против-офанзива да бара резултат. И упорноста им се исплатеше зошто нивниот најдобар стрелец Јармоленко со прекрасен гол намали на 2-1 во 75’ минута а Роман Јаремчук со глава заби за 2-2 сам четири минути подоцна во 79’.
Сега во нашата група Ц први се Австрија и Холандија со по 3 бода, ние и Украина имаме 0. Во 2. коло кое се игра во четврток. Македонија игра со Украина од 15 часот, а Австрија и Холандија во Амстердам ќе се сретнат од 21 часот.