Offside

Ако некој ви кажеше дека ќе гледате ваков Комо во Лигата на шампионите пред некое време, дали ќе му поверувавте?

Мароко, празно место па сите останати

Сафи или на арапски Асфи е град во западен Мароко на самиот Атлантски океан. Има околу 308.000 жители. Овој град е центар на рибна индустрија во Мароко. Од овој град е фудбалскиот клуб Олимпик Сафи кој во моментов е на 4. место во мароканската лига Про 1. На гостувањето кај Хасаниа Агадир навивачите на Олимпик Сафи направиле прекрасна кореографија и бакљада.

Анегдота за Никола Јокиќ и соиграчите на Олимписки Игри

Триесет и две годишниот бек Стефан Јовиќ кој во кариерата освои прилично многу трофеи со Црвена звезда, Баерн Минхен, Химки Москва, Панатинаикос, а сега е во шпанска Сарагоса, раскажа една случка од Олимписки Игри во Рио де Жанеиро каде Никола Јокиќ одел да им купува на сите во Мекдоналдс и чекал ред со саати.

Не му стој на патот на Бруно Гимараеш па макар ако си и главен судија

Њукасл го совлада Лестер 2:0 во Карабао Купот, а хит број 1 видео од мечот е залетот на Бруно кој собори двајца на терен од кои едниот беше судијата. Како на кечери им влезе.

Нова партија за паметење на Дончиќ и незгоден пад

Лука Дончиќ игра надреална сезона во НБА. Синоќа по осми пат во кариерата на ЛА Клиперс му уфрли 40+ поени и со тоа ги надмина легендите Коби Брајант и Кевин Дурент. Дончиќ во поразот на Далас Маверикс 113-101 имаше 43 поени, 11 скока и 7 асистенции. Во еден момент од мечот имаше и многу незгоден пад зад првиот ред крај паркетот.

Рефлексот на безвременскиот Буфон е страшен и на 45 години

На 28 јануари Џиџи полни 45 и ја игра, внимавајте добро на бројкава, 28-та сезона во кариерата. Од 1995-та е активен кога Мбапе и Халанд не беа ни родени. Погледнете што му одбрани на Џеко во 91-ва минута во осминафиналето на Купот на Италија.

Ачерби со лудачки лоб со глава го измами Буфон за победа во 110 минута

Интер и Парма одиграа супер интересно осминафинале во Купот на Италија кој го реши дефанзивецот Франческо Ачерби со невообичаен гол со глава. Гостите отворија со голчиштето на Хрватот Станко Јуриќ во првиот дел, а мечот во продолженија го однесе Лаутаро Мартинез дури во 88-ма минута.

Кога идолот ќе те изненади од зад грб

Чиро Имобиле му прави изненадување на девојче кое според реакцијата, сигурно повеќе би избрала средба со него отколку да ги има најубавите 100 барбики на светот. Девојчето се блокираше и почна срце да и лупа од возбуда. Каков момент.

Гостување на Пеле во американско шоу, 1973-та

Го најавуваат како најплатен спортист на планетата за кој италијански клуб нудел за тоа време, огромни 3 милиони долари. Гостувањето му е во шоуто на Џони Карсон, две години пред да потпише за Њујорк Космос. Пеле кубури со англискиот, ама затоа повеќе ќе се снајде со топката.

Ја имаме и глумата на сезоната

На мечот меѓу Виетнам и Индонезија кој домашните го добија 2:0 во рамки од азискиот шампионат, фудбалерот на Индонезијците, натурализираниот Холанѓанец Марк Клок изглуми за награда глума на годината. Од оваа глума произлезе и гужва која за малку ќе отидеше во отворен хаос. А судијата препозна глума па не досуди никаков фаул.

Зошто Ѓоковиќ за време на финалето избрка тројца од трибина меѓу кои и брат му?

Српскиот тениски ас го совлада Себастијан Корда со 2:1 и го освои турнирот во Аделаида како последно загревање за Австралија опен. По крајот на првиот сет се случи една необична ситуација.

Како Саудијците навиваат за Роналдо?

Португалецот ќе го златат со злато во Ријад. За двегодишен договор треба да земе „камиони полни пари“. Веќе се навикнува на тамошните тренинзи во новиот клуб за кој наскоро треба да дебитира, а навивачите веќе смислиле како да го бодрат.

Тркот кој го вивна Бејл во висините

Во ноември 2010-та силниот Интер, само неколку месеци откако со Мурињо ја освои историската триплета, доаѓа на стариот добар „Вајт Харт Лејн“ во Лондон. Во дуел од Лига на шампиони. За Интер уште играа нашиот Пандев, Ето, Снајдер, Киву, Занети, Лусио и други ѕвезди. Но на овој меч се прослави еден млад фудбалер на Тотенхем.

Се сеќавате ли на хет-трикот на 21 годишниот Бејл против шампионскиот Интер?

Се работи за меч од групната фаза во ЛШ пред 13 години, на кој Пандев играше за Интер, а Модриќ за Тотенхем. Се појавува млад, надежен, екстра брз и експлозивен бек кој после овој настап станува напаѓачко откритие за кое Реал три години подоцна ќе плати 100 милиони евра.

Верност на сезоната: Лукас Перез платил пола милион евра за да игра со Депортиво во трета лига

На 31-ви декември, Депортиво Ла Коруња, некогашниот шампион на Шпанија кој палеше и гасеше по Европа, објави за трансфер на Лукас Перез. Центарфорот потпишал шест месечен договор до крајот од сезоната.

Трите незаборавни голови на Бејл за Реал и тоа сите во финале

По само 13 натпревари и 3 гола за Лос Анџелес во МЛС каде ја освои титулата, Герет Бејл неочекувано стави крај на кариерата на 33 години. Ја стартуваше во Саутемптон (2005-2007), почна да гази во Тотенхем (2007-2013) и потоа блесна во Реал Мадрид каде направи 100 милионски трансфер.

А после се сакате по дома?

Милан имаше водство против Рома од 2:0, ама во 87-ма и 93-та Рома стигна до конечни 2:2. На некој му текнало да сними и една ваква сцена за време на израмнувањето.

Алегри збесна по младиот Суле што не задржуваше време

Со победите во 91-ва против Салернитана и во 86-та против Удинезе, Јувентус успеа да ја задржи одличната серија и оваа година и да стаса до втората позиција на -7 до Наполи. Интересна ситуација беше забележана во судиското продожение на мечот против Удинезе. Алегри урлаше по играчот со број 30, а тоа е 19 годишниот Матијас Суле и му гестикулираше покажувајќи му накај корнер знамето. Дури успеа и жолт да заработи.

Голот дух во Италија кој судијата го призна

Неверојатно но вистинито. Во реонот Пуља, во група Б од тамошната петта италијанска лига, на провинциско дерби меѓу Ноичатаро и Кастелана во неделата, шпицот на гостите Рикардо Сабатели во 18’ минута шутираше далеку покрај голот но судијата Романо од Лече го признал. Цели осум минути домашните протестирале. Овој гол на кра јбил победнички за гостите.

Сити си го работи Челси како сака

Англискиот шампион во рок од четири дена, два пати го совлада Челси. Прво 0:1 во Премиер лига, па 4:0 во ФА Куп. Сините не знаат кај тераат сезонава. Елиминирани се од ФА Куп и од Карабао Куп и плус во првенство се 10-ти на табела со само 7 победи по 17 кола. Погледне како момците на Пеп си ги играа синоќа при третиот гол.

Сампдорија и Лацио со посебна почит за Виали и Михајловиќ

На Синиша му се врати леукемијата и замина на 16 декември на 53 години, а на Џанлука ракот и почина на 6 јануари на 58 години. Нивниот поранешен клуб Сампдорија ги стави нивните имиња на дресовите на мечот против Наполи. Станковиќ се појави на терен со синовите на Михајловиќ.

Тифозите на Интер на скутери до Монца

Фудбалерите на Интер на два пати водеа на гостувањето во Монца, но на два пати домаќинот се враќаше. Вториот пат израмнија во 90+3’ минута по автоголот на Думфрис и го спречија гостинот да ги освои сите три бода. Интересно пред мечот неколку илјади навивачи на Интер со веспи организирано патуваа во Монца (20-ина километри од центарот на Милано, 40-ина минути пат).

Ѓоковиќ доби честитки од претставник на абориџинско племе

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Аделаида и ја прослави 92. титула во кариерата со што се израмни со Рафа Надал. Во големото финале на турнирот во Австралија кој се игра како загревање за Отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ го победи Американецот Себастијан Корда во три сета: 6:7, 7:6, 6:4.

Како Араухо стана јунак на Барселона со еден потег?

Барса славеше 0-1 кај Атлетико Мадрид и се осамостои на чело на табелата после поразот на Реал Мадрид во Виљареал. Најзаслужен за триумфот на Каталонците беше уругвајскиот стопер Араухо кој во 90+4’ минута од судиско продолжение со пета спаси чист гол за Атлетико на гол линија.

Ултрас издание на Галијани кој мислеше дека е на миланското дерби

Дефанзивецот на Монца, Лука Калдирола извади 2:2 против Интер со гол во 93-та минута. 78 годишниот Адриано Галијани урлаше како во старите добри времиња. После 31 година и 29 трофеи тешко се менуваат некои навики, плус противникот се вика Интер.