Сампдорија и Лацио со посебна почит за Виали и Михајловиќ

На Синиша му се врати леукемијата и замина на 16 декември на 53 години, а на Џанлука ракот и почина на 6 јануари на 58 години. Нивниот поранешен клуб Сампдорија ги стави нивните имиња на дресовите на мечот против Наполи. Станковиќ се појави на терен со синовите на Михајловиќ.

Лацио и Сампдорија ги одиграа првите две средби на домашен терен откако прерано починаа двете фудбалски легенди и заедно со своите навивачи, очекувано ги испочитуваа и двајцата.

Пред стартот на мечот против Емполи, на Олимпико во Рим имаше едно минутно молчење, а за време на оддавањето почит и двајцата беа прикажани на видео бим.

Од легендарниот српски стопер беа изложени сите дресови кои ги носел во неговите шест сезони за Лацио (1998-2004). Со нив освои 7 трофеи меѓу кои Скудето и Супер Куп на Европа кога го совладаа во финале големиот Манчестер Јунајтед на Фергусон.

„Синиша сега ги пробива и рајските порти“.

„Синиша шутни ја бомбата“

 

Цел стадион аплаудираше и го скандираше неговото име, а во позадина пуштија и емотивно видео.

Почит уште еднаш му оддаде и неговиот другар и кумашин Дејан Станковиќ кој се појави заедно со трите сининови на Михајловиќ Мирослав, Душан и Николас.

Сампдорија беше домаќин на Наполи и направи прекрасен гест

Инаку Михајловиќ го носеше дресот на Сампдорија во периодот 1994-1998, а Виали 1984–1992. Италијанскиот напаѓач важи за легенда со 141 постигна гол како и освојувач на шест трофеи меѓу кои Скудето. Во 1992 играше и во финале на ЛШ.

Цел тим излезе со неговата 9-ка.

Пред стартот на прес конференцијата, Лучано Спалети замоли за едно минутно молчење за двајцата

Минута молк за Виали имаше и на мечот Јувентус - Удинезе. Виали од 92-ра до 96-та со Јувентус освои Скудето, Куп на Италија Супер Куп на Италија, Лига на шампиони и Куп на УЕФА.

„Почивај во мир Џанлука Виали“, напишаа навивачите на Интер

9 јануари 2023 - 11:32