Offside

10 мај 2026 година, засекогаш ќе биде запаметен како најцрн ден во историјата на ФК Работнички. За „Херојот од Дебар Маало“, за клубот кој некогаш важеше за клуб со кој цела Македонија се гордееше, за клуб кој пред една – две децении беше фактор бр.1 во мак – фудбалот.

Бисиклета ја викаат во Јужна Америка и за неа паѓаат во делириум

Бразилски Палмеирас и во реваншот го растури Серо Портењо од Парагвај. На првиот меч беше 0-3, на вториот во Бразил 5-0. Од сите 8 гола најубав беше оној на шпицот Рони кој влезе во игра во 34’ минута, постигна два погодоци од кои оној во 83-та минута уште долго ќе се споделува.

Гол на Бразилец за кој вријат мрежите

Бразилецот Евералдо постигна неверојатен еврогол за неговиот тим Кашима со кој му донесе бод против Осака. Вакво голчиште вреди признание „Ференц Пушкаш“ од ФИФА.

Емотивни реакции на Калин кога го загуби вториот сет

Македонскиот претставник на Вимблдон во јуниорска конкуренција, кој вчера стигна до историски пласман во топ 8, не успеа да направи уште еден голем исчекор. Ивановски поведе 1:0 против Педро Роденас, а во вториот сет прокоцка две убави водства во тај брејк од 3:0 и 5:2. Шпанецот израмни со 7:5, а третиот сет го доби со 6:4 за пласман во полуфинале. Калин пцуеше и не можеше да поверува дека го загуби мечот на свои грешки.

Филмот за мегаѕвездата Адетокумпо чии родители биле мигранти без документи во Атина

Морална лектира за летово - приказната за патот на семејството Адетокумбо. Од страшна сиромаштија на улиците во предградијата на Атина, до врвот на светот како крал на НБА.

Татко му на Надал му сугерираше да прекине и да го батали мечот

Себастијан не е толку често присутен на трибините кога игра син му Рафаел Надал. На Вимблдон сега Надал-постариот е активен, навива, гестикулира, пружа поддршка колку го држи глас. А во четвртфиналето со Американецот Фриц, во еден момент по крајот на првиот сет и почеток на вториот кога Шпанецот се пожали на силни болки во предел на стомакот и побара медицинска помош, татко му му викаше да го батали мечот.

Најголемиот идиот меѓу голманите брани во Етиопија

Ако кажеме „Најголемиот акробат меѓу голманите“ е точна, ама многу мека констатација. Ниту сме виделе ваква несреќа од голман до сега, ниту ни е јасно зошто не доби црвен. Па ова е луѓе најнадреална интервенција која ќе ја видите.

Шоу на Надал и Фриц со 25 удари

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Вимблдон откако во четвртфиналето го елиминираше Тејлор Фриц со 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6.  Освојувачот на Австралија Опен и Ролан Гарос оваа сезона, имаше тешка пресметка против 24 годишниот Американец, а после завршувањето на првиот сет побара медицински тајм аут поради болки во стомакот. Ова е поенот кој го одбележа мечот.

И таа самата не знае да објасни како успеа да го земе поенов

Онс Џабер од Тунис против Мари Бузкова од Чешка. Си разменија 11 удари, ама оние кога мислиш дека во секој момент ќе завршат и не и даваат на публиката да трепне. Чехињата на крај излезе ептен к`не. Легната и врати удар.

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Од 30 првенства на најдобрите лиги во Европа, 11 се насловни спонзорства на компании кои се занимаваат со приредување игри на среќа. Зошто клубовите мораат сами да се снаоѓаат?

Кирјос, ај не можеш како оваа битанга

Елајас Имер има 26 години. Роден е во Шведска од родители од Етиопија. Елајас и брат му Микаел постојано се во или околу Топ100 на ранг листата.  Првиов на турнир во Салцбург по изгубен поен нервозно зарога едно топче директно во камерата за преноси и ја скрши.

Калин Ивановски гази на Вимблдон, ќе игра во четвртфинале

Големиот македонски талент стигна до најголемиот успех во кариерата, откако на најпрестижниот тениски турнир во светот, го елиминираше Литванецот Едас Бутвилас во јуниорска конкуренција.

Играше за Шпанија, сега ќе игра за Гана на Светско првенство

Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао, црномурниот Ињаки Вилијамс чии родители водат потекло од Африка а тој е роден во Баскија и како таков стекна право да игра за клубот кој има стрикна политика да не ангажира играчи од страна, реши да направи репрезентативна смена.

Кире лут на тајмаут против Србија

Македонската ракометна репрезентација во три наврати имаше +3 против Србија, но на полувреме губи 13:15. Селекторот Лазаров имаше забелешки за играта на Мартин Серафимов. Инаку мечот се игра за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Автогол на Гибралтарците во Скопје кој те тера да се подзамислиш

Македонскиот првак Шкупи со 3:0 го отвори квалификацискиот циклус за ЛШ. За противник го имаа Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој сам го постави конечниот резултат. Стрелец Рој Чиполина кој ја пласираше во стилот на Алекс Дел Пјеро, ама во погрешна мрежа.

Кралот на трансферите

Италијанецот Фабрицио Романо веќе неколку години меѓу инсајдерите е она што е Хорхе Мендез меѓу фудбалерите - крал. Може да знае дека веќе ве продале во друг клуб, ви спакувале куфери, дека се спремни медицински прегледи, потпис на договор и презентација на прес-конференција а вие да не знаете.

Едно воспитано и едно невоспитано куче на фудбал

Со првово изгледа уште од мало работеле на домашно воспитување, а второво го испуштиле од раце.

Јас си го фатив, мое си е

Форава е доста бајата, можеби од 90-те, ама некој уште ја прави и на Вимблдон 2022-ра. Па уште го направи и тоа на крај, демек што тоа? Барате нешто?

Шестиот тенисер на светот Каспер Руд го коментираше потегот на Калин на Вимблдон

Неколку часа по најдобриот потег на јуниорскиот а можеби и на сениорскиот турнир на Вимблдон сезонава, реакциите од јавноста не стивнуваат.

Нереален поен на Ѓоковиќ кој остана залепен на трева

Српскиот тениски ас веќе по кој знае кој пат се надминува себе си со шампионски и лудачки пресврт. Во четвртфиналето на Вимблдон губеше 2:0 од Италијанецот Јаник Синер, генерација 2001, но му се врати и го расканта со 6:3, 6:2, 6:2. Сите зборуваат за овој неверојатен бекхенд, а коментаторот на Спортклуб: Ова не е нормално. Авион, акробат.

Фантастичен потег на Калин Ивановски на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер игра на јуниорскиот турнир од Вимблдон каде што се пласираше во осминафиналето откако денес експресно за само еден час го совлада Родриго Пачеко Мендез 6-1, 6-2. Калин победата ја завери со шмекерски потег, со сервис низ нозе на меч топка, во стилот на најголемите асови.

Лазаров од Веспрем добил за подарок BMW 320, ама го криел во Загреб пред да се официјализира трансферот

Филозофијата на унгарскиот гигант со кој Кире го одиграл првото полуфинале во ЛШ и почнал да сонува за трофејот, била необична. Место тимски дух, повеќе се ценеле индивидуалноста, па кој имал многу голови, побрзо добивал плата. Во Веспрем ги имале сите привилегии, но не биле свесни за силата Сиудад Реал.

На Ѓоковиќ малиот тргнува по тениски пат

На еден од последните тренинзи пред четвртфиналниот меч на Ѓоковиќ против Италијанецот Синер, шоу правел и малиот Стефан кој сè повеќе покажува тениски движења и талент за белиот спорт.

Како изгледаше најопасната хаварија на сезоната во Формула 1, болидот се тумбаше дури до трибини

Трката за Големата награда на Велика Британија на легендарната патека Силверстоун изминатиот викенд донесе црвено знаме уште на средина од првиот круг. Во стравичен удар се разбија дури 5 болиди. Најмногу настрада младиот кинески пилот кој стана прв Кинез во историјата на Формула 1.

Маскирани хулигани во Љубљана избркаа поранешен играч на Ливерпул од промоција

Олимпија Љубљана веќе неколку години не може да го најде правиот пат до успехот. Менуваат управи, тренери, сопственици и пак ништо. Сега после само три месеци откако го доведоа, решија да го избркаат легендарниот Роберт Просинечки и на негово место за нов тренер да го постават Шпанецот Алберт Риера кој на времето играше во Ливерпул.