Како горд поддржувач на македонската ракометна репрезентација и важен „играч“ во сите навивачки и славенички моменти, СКОПСКО ја продолжи децениската соработка со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со специјално дизајнирана амбалажа, посветена и инспирирана од нашите репрезентативци.
„Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на првенството, на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани СКОПСКО и СКОПСКО Smooth пакувања кои се посветени на ракометот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија е веќе започната и ги содржи имињата, броевите и потписите на најистакнататите играчи од новата генерација ракометари, кои денес се носители на нашата игра, како и името на нашата најголема ракометна легенда и наш сегашен селектор – Кире Лазаров. Скопско има одговорност да го поддржи овој моментум и луѓето кои го даваат својот максимум на теренот – нашите ракометари и херои, а како автентичен македонски бренд е должен на луѓето да им даде глас и начин да ја искажат својата поддршка и гордост.“ - изјави Катерина Теовска, маркетинг менаџер во Пивара Скопје.
Шестиот настап на Светските првенства, нашата репрезентација ќе го започне во Краков, каде ќе се играат сите натпревари од групата Ф, во која противници за влез во втората фаза ќе ни бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.
„Нашите очекувања се секогаш високи, ние сме една млада екипа со неколку искусни играчи која ветува многу во иднина. Нѐ очекува можам да кажам една тешка група, ние сме максимално подоготвени и го продолжуваме тој континуитет на големи натпреварувања“ - изјави Филип Кузамновски и се заблагодари на поддршката. На ова се надоврза нашиот млад репрезентативец Игор Ѓоргиев кој ја потврди спремноста на репрезентацијата и ја повика Фалангата од која очекува максимална поддршка.
Комерцијален текст