Куртоа го остави голот празен, Виљареал не успеа да погоди од контра ниту со двајца
Фудбалерите на Виљареал му го нанесоа вториот лигашки пораз на Реал Мадрид со 2:1. Во последната 98-ма минута, кралевите во обид да израмнат тргнаа во напад со се голман. Арнаут Данјума тоа не го искористи за 3:1 и го оствари едно од најголеми промашувања на сезоната, а имаше празен гол и слободен соиграч.