Ѓоковиќ доби честитки од претставник на абориџинско племе

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Аделаида и ја прослави 92. титула во кариерата со што се израмни со Рафа Надал. Во големото финале на турнирот во Австралија кој се игра како загревање за Отвореното првенство на Австралија, Ѓоковиќ го победи Американецот Себастијан Корда во три сета: 6:7, 7:6, 6:4.

На Новак Ѓоковиќ со оваа титула покрај 250 поени му следи и награден чек од 94.560 долари. Српскиот тенисер за време на церемонијата доделување на наградите, доби големо признание и почест од претставник на абориџинскиот народ Гана.

Извесен племенски водич вујко Муги, ги поздравил сите присутни, му честитал на Ѓоковиќ и му ги „исчистил“ пехарите од негативна енергија.

„Би сакал да кажам дека беше многу посебен момент да се има благослов од еден од претставниците на вашите народи кои биле на оваа земја илјадници години.

Сакам да се заблагодарам на секој што дојде денес тука и да ти се заблагодарам тебе за присуството. Ти благодарам што ја негуваш културата и историјата на твојот народ толку многу години, инспирација си. Ти благодарам многу и се гледаме следната година“, му рекол Ѓоковиќ.

9 јануари 2023 - 09:42