Тркот кој го вивна Бејл во висините

Во ноември 2010-та силниот Интер, само неколку месеци откако со Мурињо ја освои историската триплета, доаѓа на стариот добар „Вајт Харт Лејн“ во Лондон. Во дуел од Лига на шампиони. За Интер уште играа нашиот Пандев, Ето, Снајдер, Киву, Занети, Лусио и други ѕвезди. Но на овој меч се прослави еден млад фудбалер на Тотенхем.

Само неколку дена откако развали на „Џузепе Меаца“ и постигна хет-трик против Интер во поразот на неговите Спарси, Бејл сега се остреше за реваншот во Лондон.

Герет Бејл во Тотенхем дојде од Саутемптон како лев бек и со тек на време стануваше сè поофанзивен. Со само 21 година веќе важеше за најбрзиот играч во цела Премиер лига, а и пошироко.

Од друга страна на овој меч со Интер го чуваше Бразилецот Маикон, репрезентативец и еднакво страшно брз и снажен десен бек. Герет Бејл на овој меч имаше две асистенции а Мајкон не знаеше каде е лево од продорите на Велшанецот.

После оваа луда партија во која го носеше Тотнем до триумф од 3-1, Бејл играше сè поневеројатно и неверојатно. Даваше голови од секоја позиција, изведуваше слободни удари, леташе по целиот терен и заслужено направи астрономски трансфер во големиот Реал Мадрид.

Се сеќавате ли на хет-трикот на 21 годишниот Бејл против шампионскиот Интер?

Трите незаборавни голови на Бејл за Реал и тоа сите во финале

 

10 јануари 2023 - 10:34