Две недели пред гостувањето во Лондон каде загуби 3:1, Интер го пречека Тотенхем со пеколни 35 минути во кои обезбеди предност од 4:0. Стрелаа два пати Ето и по еднаш Занети и Станковиќ.
Тоа беше шампионската постава на Интер која од Мурињо таа сезона 2010/2011 ја презеде Рафаел Бенитез.
Интер и Тотенхем како фаворити ја поминаа групата, а елиминирани беа Вердер и Твенте.
Она што ќе остане запаметено од таа сезона е блесокот на Герет Бејл кој запиша незаборавен хет-трик против тим никогаш немал толку цврста одбрана.
Младиот Велшанец се пробиваше како шило по левата страна и не успеаа да го сопрат дефанзивци од калибарот на Занети, Лусио, Маикон, Самуел и Киву.
Кој знае на колку скаути и агенти им светнале очите на Сан Сиро на тој 20 октомври 2010-та? Три години подоцна Реал плати повеќе пари за него отколку за Кристијано Роналдо.
Бејл: Играв 17 сезони на највисоко ниво и имав кариера која ме прави горд и благодарен
Трите незаборавни голови на Бејл за Реал и тоа сите во финале