Герет Бејл ќе остане запаметен како дел од легендарната генерација на Реал Мадрид, која во периодот од 2014-та до 2022-ра освои 5 титули во Лига на шампиони од кои три по ред.
Неговиот 8 годишен стаж на Бербанеу го заврши со 258 натпревари, 106 голови и вкупно 19 трофеи. Ако треба да се издвојат само три, тоа се дефинитивно следниве од финале од кои два мега атрактивни.
Најавните шпици не можеа никако да го игнорираат оној легендарен спринт на Ел Класико. Се случи на 16 април 2014-та во финалето на Купот на Шпанија.
При резултат 1:1 во 85-та минута, Бејл се погрижи да нема продоженија и успеа на неверојатен начин да го претрча Марк Бартра и тоа откако во еден момент излезе целосно од терен.
Um dos golos icónicos de Bale: 'Partiu os rins' a Bartra e a bola só parou no fundo da baliza.pic.twitter.com/sjxjINsvKK
— Cabine Desportiva (@CabineSport) January 9, 2023
Веќе следниот месец Реал играше финале во ЛШ против Атлетико Мадрид во Лисабон и беше готов да го загуби. Но Рамос израмни во 93-та минута, а Бејл во продолженијата погоди за 2:1 и тоа во 110-та минута.
Четири години подоцна, Бејл даде два гола во финалето на ЛШ во Киев, а жртва беше Ливерпул кој загуби 3:1. Тоа беше ремек дело и дефинитивно еден од најјаките голчишта во финалињата на најелитното клупско европско натпреварување.
Congratulations on an incredible career, @GarethBale11 👏
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) January 9, 2023
Enjoy your retirement ❤️ #UCL pic.twitter.com/fptEIvOZVm
Бејл: Играв 17 сезони на највисоко ниво и имав кариера која ме прави горд и благодарен