Ѓоковиќ стигна до трофејот број 92 во кариерата како мотивација плус за Гренд слемот Австралија опен кој стартува на 16 јануари.
Кога Новак игра, мува не смее да прелета и често пати знае да се побуни кога некој навивач му дофрлува од трибини како да е на фудбал, особено кога треба да се концетрира за сервирање.
Па и брат му да е во прашање тој реагира, како што се случи во финалето на турнирот 250 во Аделаида.
По завршувањето на првиот сет кој го загуби во тај брејк, тој ги избрка од ложа брат му Марко Ѓоковиќ, менаџерот Едоардо Арталди и ПР агентот Елена Капеларо.
Брат му го избркал поради недисиплина, затоа што си правел муабет со Едоардо и не внимавал на мечот. Всушност Едуардо и Елена се задолжени да внимаат како се однесуваат сите кои се дел од ложата на Новак и затоа сите тројца во пакет морале да го напуштат мечот.
Инаку според протоколот, првиот ред е резервиран за стручниот штаб, вториот ред за членовите на семејството, а третиот ред е резервиран за пријателите и деловните партнери.
По освојувањето на трофејот, Ѓоковиќ му се заблагодари на тимот што го трпат во разни ситуации, а со посебни зборови му се обрати на брат му.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот тим што ме трпи во добри и лоши моменти, сигурен сум дека не беше лесно да се биде со мене денес, но го ценам тоа. Брат ми Марко е тука, не е често со мене на натпреварите, ти благодарам и те сакам. Ова е неверојатна недела и ова е одличен подарок за мене. Дадов сè за да можам да го подигнам овој пехар. Поддршката што ја чувствував беше неверојатна. Ретко сум се почувствувал ваква во кариерата. Се чувствував како да играм дома и вие ме натеравте да ми биде фантастично“, изјави Ѓоковиќ
Менаџерот Едоардо Арталди е дел од тимот на Новак од 2009 и тој во неколку наврати кажа колку со Елена му се важни. Ги нарече „омилен пар“.
„Едоардо за мене е повеќе од агент, тој е член на семејството и пријател. Тој е како постар брат, татковска фигура. Најдобриот момент е нашиот прв Грен слем во Австралија, кој беше многу посебен момент. Тој е многу лојален“, изјави во една прилика Ѓоковиќ.
Кога им рече да излезат, им се обрати на италијански