Offside

Милан влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Примија 5 парчиња од Аталанта и Сасуоло. Им виси ЛШ.

Кире Лазаров - Дефиниција за величина

За три месеци ќе го има дебито како селектор на Македонија на Светско, а за два дена, во среда од 19 часот против Луксембург ги стартува и првите квалификации за Европско. Сето ова, само во улога на предводник на репрезентативците, без да им помага овој пат. Најновото видео од легендата, нека служи како мотивација за момците од кои очекуваме и без Кире да го обелат образот и да ја радуваат нашата ракометна нација.

Не го лути Гатузо, почна да крши и да мава

Џенаро Гатузо, познатиот пит-бул во европскиот фудбал работи солидно како тренер на Валенсија откако летово го презеде клубот. „Лилјаците“ во Ла Лига се на седмо место после осум кола и имаат 4 победи, 1 нерешена и 3 порази со гол разлика 14:8. На послендиот меч на гости ја победија Осасуна 1-2 а црвен картон од клупа доби Диакаби поради протест, па Гатузо збесна.

Пица на мирот во Серија А

Џовани Барсоти од DAZN, платформа која ги има тв правата за италијанско, ја има фотографијата на сезоната, која е многу повеќе од еден фудбалски натпревар.

Серхио Рамос доби два жолти и црвен за 10 секунди, апсолутен рекордер е во Европа по исклучувања

Ѕвездениот состав на Парижаните не успеа во саботата да слави на гости кај Ремс и одигра само 0-0. Поради зборови кои не му се допаднале на главниот судија, Серхио Рамос доби два жолти картони за само десет секунди и го пратија на туширање во 41’ минута од првиот дел.

Шоуто на Педри на мал простор и драмата пред голот на Барса

Со гол по 17 минути игра, Педри ја реши Селта и во очи на Ел Класико ја одржа Барса прва пред Реал, само поради подобрата гол разлика. Погледнете ги овие дриблинзи и контрола на топка на само 19 години. Во финишот Каталонците едвај се спасија да не примат гол.

За автогол од 60 метри нема утеха

Без никаков резултатски притисок бидејќи водат 0:2 и се игра 91-ва минута, а ниту па и голем притисок од чуварот, играч на Риед во првата австриска лига се решава да му ја врати на голманот на чуден начин. Волфсбергер - Риед завршува 1:2. Единствена логика има ако ја играл ГГ3+.

Судија да облечеше и дрес од Кремонезе ако не?

Со 7 победи и 2 нерешени, Наполитанците и натаму се лидери во Серија А, а денеска го совладаа Кремонезе со 1:4. Интересна ситуација се случи при еден слободен удар, кој судијата очигледно не очекуваше така да се одвива, па на Распадори му се постави ко Јап Стам.

Мадридска комбинација за прв гол на Роналдо сезонава во Премиер лига

Скроз несвојствено за калибар на играч како него, Кристијано Роналдо стигна до првиот сезонски погодок во Премиер лигата по дури 8 минати кола. Гол за победа на Манчестер Јунајтед, како и јубилеен со број 700.

Македонија во многу тешка група, пак ќе играме со Италија

И тоа не само Италија, туку и Англија, а две одат на Европско.

Меси на еден обичен тренинг направи чуда

Лео во пресрет на Светското првенство 2022 каде ќе ја предводи својата Аргентина како капитен, игра во сјајна, препознатлива форма. За ПСЖ растура од почетокот на сезоната, а за клуб и репрезентација досега од почеток на сезонава има 12 гола и 8 асистенции. Дека е одлично расположен покажа и на еден тренинг.

Излезе видео од тепачката во Голден Стејт Вориорс

Кај НБА шампионот баш не цвета цвеќе. На еден од последните тренинзи, 32-годишниот тешкаш Драјмонд Грин со сета сила го нокаутираше 23-годишниот плеј Џордан Пул на очиглед на цела екипа и тренери кои тргнаа да ги раздвојуваат. Причините се нејасни а Грин подоцна јавно и се извинил на екипата.

Кој би рекол: Зангиев од Стрит Фајтер играта е правен според реален борач

Виктор Зангиев (роден 26 мај 1962 во Хабаровск, СССР) бил професионален советски борец, голем шампион во неговото време и популарен повеќе на Истокот.

Очајот на Роналдо на Кипар во 45 секунди

Тешко дека ќе најдеме друга сезона од кариерата на Роналдо со само еден постигнат гол после два месеци фудбал. И тоа од пенал во Лига Европа против Шериф. Во Премиер лига 6 настапи, 0 голови. Синоќа беше стартер против Омонија на гости, ама без никаков личен учинок.

Бомбастичен гол на Куаме од Фиорентина со полу-ножички

Со головите на Мандрагора во 4', Кристијан Куаме во 42' и Лука Јовиќ во 72' минута, Фиорентина со 0-3 на гости лесно се справи со шкотски Хартс во Лига Конференции. Вториов го даде најубавиот од трите гола, со полу-ножички од прва.

Необична состојба на табелата во група Г во Конференциска лига

Балкани (Косово), Сиваспор (Турција), Славија Прага (Чешка) и Клуж (Романија) ја држат најголемата неизвесност на европската клупска сцена. Како тргнале, на крај на пенали ќе играат секој против секого. Немало до сега ваква изедначеност или па ние не сме виделе до сега.

Платата на Халанд е досега нешто невидено во Премиер лигата

Хитот на Манчестер Сити за два месеци фудбал во Англија оствари страшни голгетерски бројки. Прочуениот весник Дејли Мејл открива дека ист е муабетот и во однос на парите кои ги заработува.

Леброн Џејмс за детето џин од Франција: „Никогаш не сум видел такво нешто“

НБА лигата е уникат по многу нешта. Собир на најдобрите кошаркари на светот. Оваа лига видела сè и сешто, па затоа секоја нова појава мора да има невообичаени карактеристики за да ги импресионира тамошните ѕвезди. Виктор Вембанјама е млад Франзуцин, има 18 години. Игра за францускиот Метрополитанс 92, а деновиве бил во развојната Г-лига на НБА.

Штрајк на готвачите во кујната на Баерн Минхен, незадоволни што им доцнат плати

Баерн Минхен се соочува со необичен проблем и сосема неочекуван за господски клуб каков што е баварската гордост. Дел од вработените во кујната штрајкуваат зошто не добиле плата. Според Sport Bild, некои работници дури и не дошле на работа.

Џабе ви се Марсело и Хамез Родригез, кога во напад тргнува Рамил Шејдајев

Азербејџанскиот клуб Карабаг некогаш служеше за поправање на гол разликата на познатите клубови во еврокуповите. Но во последните неколку сезони е сосема поинаку. Карабаг синоќа среде Пиреја го згроми Олимпијакос со 0-3 и ја продлабочи тешката криза во грчкиот шампион кој има 3 порази на 3 меча во Лига Европа а заостанува и во домашното првенство.

Клаудио Браво на 39 години ја има парадата на сезоната против Дибала

Бетис ја совлада Рома на Олимпико 1:2 и тоа со пресврт и има 3 од 3. Клаудио Браво ептен му го расипа ќеифот на Дибала кој ќе го имаше еден од најјаките голови сезонава во Лига Европа. Коментаторот повторуваше браво Клаудио, браво Клаудио и во еден момент се поднасмевна под брк.

Бразилецот Пакета направи потег со кој ги импресионираше колегите од Вест Хем

Во јануари 2019-та, Милан му плати на Фламенго 35 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета. Од таму замина во Лион, а сезонава е член на Вест Хем. Погледнете му го приемов на топка од синоќа од против Андерлехт, како и реакцијата на соиграчите на клупа.

Соопштение за медиуми на македонски фудбалски четвртолигаш

И ФК Славија од Пржино има нешто да каже за спорната ситуација на мечот Интер - Барселона во Лига на шампиони. Да ги проследиме.

Роналдо од 5 метри не може да го погоди голот

Со двата гола на Рашфорд и еден на Марсијал, Манчестер Јунајтед ја доби Омонија Никозија на гости со пресврт од 1:0 во прво, 2:3 конечен. Роналдо го одигра цел меч и продолжува да стагнира сезонава со 9 настапи и само 1 гол на сите натпреварувања.