Offside

Трагедија во шпанскиот фудбал. Утрово починал 30-годишниот центарфор на Тенерифе Хесус де Мигел откако синоќа врз него лудачки стартуваше голманот на Андора. Шпанскиот спорт е завиен во црно.

Миовски го обели образот на Македонија со Фарски Острови

По неубедливиот триумф над слабо рангираната Малта од 2-1, македонските репрезентативци вечерва во Скопје се спасија од блам и против Фарски Острови. Стрелец најдобриот македонски центарфор во моментов, Бојан Миовски со погодок во 82' минута.

Преку 90.000 навивачи на Камп Ноу скандираа за Меси

Стадионот на Барса крцаше за финалето на Кралската лига во мал фудбал во организација на Пике. На Фајнлфор турнирот играа ѕвезди како Роналдињо, Нејмар, Виља и Агуеро, а навивачите испратија важна порака до Париз.

Роналдо симулираше пенал против Луксембург и тоа на 0:4

Колку е човеков опседнат со своите голови и самиот не е свесен. Го прегазија аутсајдерот во квалификации со 0:6, а при резултат 0:4, глумеше во шаснаесетник и тоа со веќе два постигна гола. Си доби и жолт, а головите му отидоа во втор план. Сите зборуваат за резилов.

Многу е глуп

Заборавете на факелите на Чкембари и упадот на Комити на терен, иако се разбира дека сето тоа беше скроз непотребно. Пазете го сега црепов од Бразил, инаку навивач на Интернационал. Со дете в рака влета на терен да прави бељи. Оди измери му го паметот.

На кошаркарски меч во Тетово летаа боксови

Тетекс го доби Мега Баскет со 71:65 во натпревар од третата македонска лига. Кошаркарите на двете екипи „се прославија“ не со потези на терен, туку поради групна тепачка. Инцидентот почна кога гостински играч испровоцира со нога.

Жестокото дерби донесе и неколку убави гестови на Комити и Чкембари

Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.

Нигериец кој игра за ФК Скопје за две години се гледа во гигант од рангот на Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити

„Македонската лига е една од најдобрите лиги во светот, но луѓето не го знаат тоа. Играчите имаат многу можности овде“.

Како почнаа инцидентите на ракометното дерби?

Опасно беше синоќа од трибини да се гледа пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, бидејќи гостите гаѓаа во публика со факели. Се појави видео на кое се гледаат Чкембари кои како ураган влетуваат во својот сектор и веднаш почнуваат да дивејат. За сега нема информации за евентуални повредени.

Спектакуларно славје и атмосфера во Јане Сандански како во ЛШ

На дербито од Суперлигата во Јане Сандански немаше игла кај да се фрли, а атмосферата која ја направија Комити потсетува на големите битки кои европскиот првак ги биеше против Кил, Барселона, Кјелце, Веспрем. Црвено црните славеа 31:24, за фешта на играчите и навивачите. Го распослаа и големото знаме.

Лудачки пресврт на Казахстан против Данска и еврогол за најавните шпици на ЕП 2024

Селекцијата на Данска се соочи со шокантен пораз на гостувањето во Астана и покрај тоа што имаше водство до 73 минута од 0:2. За 16 минути Казахстан успеа да постигне три гола за победа во квалификациската група Х. За издвојување е голот на капитенот Тагиберген за израмнување, кој го торпедираше Каспер Шмајхел.

Голчиште на Сака против Украина

Ако се суди според стартот, Англичаните се најсериозни кандидати за првата позиција во квалификациската група Ц за ЕП 2024, каде што е и Македонија. По триумфот на гости против Италија, во второто коло ја совладаа дома Украина со 2:0. Кејн и Сака за 3 минути ја заверија победата. 21 годишниот член на Арсенал постигна убав гол.

Хаос во Јане Сандански, Чкембари со факели гаѓаа во публика, Комити влетаа на терен

Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.

Вардар – паднатиот гигант, кој не се предава

Колегите од Телма го посетија 11 кратниот првак на Македонија. Тренира во село Кадино. Им го отстапил истоимениот третолигаш. Најголемиот македонски спортски бренд дојде до тоа дереџе да нема свој дом, терен за тренинзи, стадион и да се снаоѓа за организација со помош на пријатели и Комити.

Дончиќ драстично казнет од НБА лигата, па дојде со интересна маица

Откако неговиот Далас Маверикс изгуби само 2 поени разлика од Голден Стејт Вориорс во мечот кој имаше неверојатно чудна судиска грешка, Лука Дончиќ е казнет од НБА лигата со 35.000 долари поради тоа што гестикулираше кон судиите дека се потплатени. На оваа средба судиите досудија топка за Далас, следуваше тајм-аут, а веднаш потоа им ја доделија топката на Вориорс кои непречени реализираа.

Знаете ли кога Пеп Гвардиола бил модел на модна ревија?

Ете, кој би рекол дека најдобриот тренер на денешницата, трофејниот Пеп Гвардиола едно време во средината на 1990-те години се занимавал со модни писти. Еднаш моделиерот Антонио Миро од Каталонија го викнал Пеп да учествува на една модна ревија и Гвардиола прифатил.

Елмас за пријателството и силата во соблекувалната на Наполи

Наполи е неверојатен збир на фудбалери од дури 18 земји. Елиф Елмас во 1 минута објаснува како функционира со нив.

Една година Палермо

Химната на Македонија рокната на италијански моторџија, Бисер балкански, Жаклина, фешта по улици, феноменална храна, пиво 1,5 евра и пред сè АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ. Како вчера да беше.

Евроголот на вечерта падна во Турција, го даде дете од Фенербаче 2005-та роден

Некои клубови очигледно не мируваат ниту за клупска пауза па од нигде никаде закажуваат пријателски, како малку да им се натпреварите преку година. Фенербахче го нагости Зенит, мечот заврши 2:2, а 17 годишниот Бора Ајдинлик после бомбава заслужува да биде ослободен од школо.

Два пати мери, еднаш глуп голман

Во 5. коло од Лига нации во Централна Америка, Француска Гвајана и Доминиканска Република одиграа меч со луд финиш. Во 69-та минута Гвајана останува со играч помалку поради црвен картон. Но во 85-та минута поведуваат со 1-0. И во последните секунди од мечот домашниот голман решава да задржува време, ја фаќа топката со рака без да помисли дека негов играч му ја додал. Следува индирект за гостите во последни секунди. 

Баерн како ретко кога отпушта тренер сред сезона, кои се причините?

Во Баерн Минхен се случува голема промена, несвојствена за баварскиот гигант. Според пишувањата на релевантни германски медиуми, тренерот Јулиан Нагелсман добил отказ а наскоро нов тренер на екипата ќе стане Томас Тухел некогашниот предводник на Мајнц, Борусија Дортмунд и Челси.

Меси и другарите оделе до стадион со цела војска

Лудилото по светската шампионска титула уште ги држи Аргентинците. На пријателска против скромната Панама синоќа победија 2-0 со голови на Алмада и Меси (јубилеен 800-ти). Пред, за време и после мечот стотици илјади навивачи на и надвор од стадионот правеле фешта. А играчите на пат до стадионот „Монументал“ ги следела цела армада.

Роналдо ја искина мрежата од слободен и стигна до нов светски рекорд

Гол од слободен удар на Меси за Аргентина, гол од слободен удар и на Роналдо за Португалија. Првиот стигна до погодок број 800 во кариерата, вториот испиша историја со 197 репрезентативни настапи.