Богат репрезентативен фудбал уште на самиот старт на квалификациите за следното Европско. Во групата Ј Португалија очекувано го совлада Лихтенштајн со 4:0.
Капитенот Кристијано Роналдо само што се појави на терен испиша нова фудбалска историја со 197 настапи за својата земја. Ниту еден друг играч нема толку настапи за репрезентација.
Дебитираше на 18 години на пријателска против Казахстан како замена за Фиго и 20 години подоцна станува светски рекордер.
На Мундијалот во Катар тој се израмни со рекордерот Бадер Ал Мутава од Кувајт, а по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар не се знаеше дали ќе продолжи на игра за националниот тим.
Новиот рекорд португалскиот ас го зачини со два гола. Еден од пенал и еден од слободен удар. Голманот немаше шанси против ова торпедо.
Инаку интересно има сепак некој со појаки бројки од овие на Роналдо. Тоа е 39 годишната Кристин Синкклер која уште игра за Канада и има 322 настапи и 190 гола.
🇵🇹 197 times in the colours of Portugal! @Cristiano Ronaldo breaks the men's international cap record 👏 pic.twitter.com/WDq3Qt6Nv5
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) March 23, 2023