Хаос во Јане Сандански, Чкембари со факели гаѓаа во публика, Комити влетаа на терен

Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.

Гостинскиот голман Урбан Лесјак беше погоден со паричка

ЕДИТ:

По смирувањето на страстите капитенот на Еурофарм Пелистер, Црногорецот Мирко Радовиќ го зеде микрофонот со цел да ги смири Чкембарите.

Делегатот предупреди дека ако има уште еден инцидент салата ќе биде испразнета.

Натпреварот продолжи после 20 минутен прекин, а Вардар победи со 31:24. Талески и Манасков беа најпрецизни со по 7 гола, а кај гостите Пешевски даде 5.

26 март 2023 - 19:46