Два пати мери, еднаш глуп голман

Во 5. коло од Лига нации во Централна Америка, Француска Гвајана и Доминиканска Република одиграа меч со луд финиш. Во 69-та минута Гвајана останува со играч помалку поради црвен картон. Но во 85-та минута поведуваат со 1-0. И во последните секунди од мечот домашниот голман решава да задржува време, ја фаќа топката со рака без да помисли дека негов играч му ја додал. Следува индирект за гостите во последни секунди. 

24 март 2023 - 11:34