Петар Шегрт има 56 години, роден е во хрватски Ѓурѓевац. Играчката кариера воглавно ја поминал во Германија, надвор од екс-Ју каде се изградил и како тренер.
Во тренерската кариера, Шегрт водел неколку германски клубови а како селектор почнал во 2006-та година кога ги презел младинците на Грузија У-21. Од тогаш бил селектор на Авганистан, Малдиви и од лани е на клупата на Таџикистан.
За некој што решил да биде селектор на Авганистан од 2015-та до 2017-та кога таму се знае што се случуваше, треба да му се оддаде признание за храброста.