Фудбалската репрезентација на САД со 1-0 го совлада Ел Салвадор во 6. коло од тамошната КОНКАКАФ Лига на нации. Американците славеа со голот на шпицот Рикардо Пепи кој игра за холандски Гронинген на позајмица од Аугзбург. После натпреварот, голманот на САД и Арсенал, Мат Тарнер реши на необичен начин да го дознае полот на бебето кое го чекаат со сопругата.
Голманот на САД на стадионот во Орландо го откри полот на бебето кое го чекаат, а со сопругата веќе имаат едно машко дете кое во јули ќе полни една година.